Македонија
Уставен ги отфрли иницијативите за НАТО штаб и мисија во Македонија

Уставниот суд на денешната седница ги отфрли иницијативите за дејствување на НАТО мисија во Република Македонија и за договор за отварање на НАТО штаб во Скопје.
Уставниот суд на денешната седница ги отфрли иницијативите за дејствување на НАТО мисија во Република Македонија и за договор за отварање на НАТО штаб во Скопје.
Иницијативите што до Уставниот суд ги поднел граѓанин поединец се отфрлени со образложение дека според член 110 од Уставот, Уставен суд не е надлежен да оценува акти кои не се закон или внатрешен подзаконски пропис.
Иницијативата за договор меѓу Република Македонија и НАТО за дејствување на НАТО мисија во земјава е од 2008 година, а договорот за НАТО штаб е од мај 1999 година./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).
Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.