Македонија
Промовиран порталот за е-учебници

Министрите за информатичко општество и за образование и наука, Иво Ивановски и Никола Тодоров, денеска во Скопје го промовираа порталот е-учебници.
Министрите за информатичко општество и за образование и наука, Иво Ивановски и Никола Тодоров, денеска во Скопје го промовираа порталот е-учебници.
Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски истакна дека порталот претставува дигитална библиотека за чување, пребарување и разгледување на електронски учебници, наменети пред се за помлади посетители, ученици во основно и средно образование, но и за нивните наставници и родители.
„Со користење на современи технологии за дигитално публикување создадовме можност за бесплатно, исклучително пријатно искуство за читање на дигитални публикации и преземање на книги во било кое време и од било каде“, додаде Ивановски.
Министерот за образование Никола Тодоров потенцираше дека користењето на ресурсите на овој портал ќе им помогне на учениците во совладување на наставните содржини на еден иновативен и интересен начин, а на наставниците во подготовки и презентирање на наставниот материјал со помош на информатичките технологии.
„Во иднина овој портал прв од овој вид ќе прерасне во основен ресурс за пристап до огромен број електронски учебници од едно централно место“, рече Тодоров.
Во моментов порталот брои околу 60 учебници од кои најмногу за четврто и седмо одделение, а во иднина ќе биде постојано надополнуван со нови содржини и функционалности./крај/ир/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).
Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.