Македонија
Над 18.000 деца надвор од училишните клупи
Околу 18.500 деца во Македонија се наоѓаат надвор од училишните клупи меѓу кои 2.000 деца се на улица, известија од „Меѓаши“ на денешната дискусија за „Остварување на правото на образование на децата Роми.“
Околу 18.500 деца во Македонија се наоѓаат надвор од училишните клупи меѓу кои 2.000 деца се на улица, известија од „Меѓаши“ на денешната дискусија за „Остварување на правото на образование на децата Роми.“ Според Жаклина Дурмиш од ФИООМ, остварен е мал напредок со спроведувањето на реформите во образованието, но има уште многу работа за да се подобри ниското образование на Ромите. „Во моментот во Куманово 40 до 80 ромски семејства се заминати на сезонска работа во Црна Гора и други места, и околу 100-тина деца не посетуваат настава. Сево ова прави една армија на ученици кои го запоставуваат образованието и со тек на време, комплетно се откажуваат од него,“ вели Рамиз Османовски од НВО „Врамаси“ – Куманово. „Иако овие неколку години имаме подобрување во посетата на училиштето од ромските деца, сепак постојат бројни проблеми со кои се соочуваме. Некои од учениците не ја посетуваат наставата поради сезонската работа, некои поради страв од крвната одмазда, дел од девојчињата ги чуваат помалите деца во семејството, а голем дел од Ромчињата доаѓаат со некомплетна документација,“ рече Виолета Лашкоска од основното училиште „Добри Јовановски“ – Прилеп. На дискусијата беа присутни претставници на меѓународните организации во Македонија, директори на неколку основни училишта низ Републиката, претставници на невладините организации итн. Директорите на основните училишта порачаа да се изнајдат начини на соработка со родителите на децата од маргинализираните групи, бидејќи сега за сега многу од нив, не можат или незнаат како да им помогнат на своите деца во домашната работа и процесот на образование. Дебатата се одржа во организација на „Фондацијата Институт отворено општество – Македонија“./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

