Македонија
Игелбергер:Нема сила што ќе ја натера Македонија да го смени името
Ако Македонија одлучи да го задржи уставното име, нема сила која може да ја присили да го промени, изјави поранешниот државен секретар на САД Лоренс Игелбергер.
Ако Македонија одлучи да го задржи уставното име, нема сила која може да ја присили да го промени, изјави поранешниот државен секретар на САД Лоренс Игелбергер. Тој во ексклузивното интервју за емисијата „Отворено со народот“ на програмата на Македонската телевизија, рече дека не постои никаква причина македонскиот народ да го смени името што го носи долго време. „Грција треба да ја остави Македонија и нејзиното име на мира, тоа е до Македонија да одлучи, не некој друг, и до македонците, мојот совет би бил, ако сакате да го задржите името останете мирни, и покажете дека нема да го промените но потоа обидете се да ги оладите работите, обидете се да ги спречите двете страни, и вашата и грчката, од некои непромислени постапки кои би можеле да доведат до конфликт, и со трпение ова прашање ќе се реши“, рече Игелбергер. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почна имплементација на проектот „UrbanGreenLeap-Мултифункционален пилот-парк во Волково“
Општина Ѓорче Петров почна со имплементација на проектот „UrbanGreenLeap – Мултифункционален пилот-парк во Волково“, поддржан преку Interreg Euro-MED програмата, кофинансирана од Европската Унија.
Од Општината информираат дека проектот има за цел да создаде современ мултифункционален зелен простор во населбата Волково, кој ќе претставува пример за одржливо урбано уредување, комбинирајќи рекреација, едукација и заеднички активности на граѓаните.
Цели на проектот се јакнење на капацитетите на локалната самоуправа за одржливо управување со зелените површини, поттикнување активно учество на граѓаните во процесите на урбано планирање, развивање урбани планови кои ја интегрираат природата и биодиверзитетот во секојдневното живеење и подобрување на зелената инфраструктура и намалување на ефектите од климатските промени.
„Со овој проект започнуваме нова страница во односот кон зелените површини. Волково и Ѓорче Петров добиваат пример за урбан, модерен и одржлив развој кој ќе ја интегрира природата во секојдневното живеење“, изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Вкупен буџет за проектот е 2.388.555,00 евра, и истиот е финансиран од Interreg ЕУ фондовите во износ од 1.910.844,00 евра. Период на имплементација е од 01.04.2025 до 31.12.2027.
Македонија
(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски
Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои ги засегаат и земјоделците и јавноста, но и време е конечно да видиме оставка од Трипуновски кој три дена се крие од јавноста, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Јавноста и граѓаните треба да знаат дека ИПАРД средствата кои се сега суспендирани се доделуваат како 50% грант за земјоделците, а 50% тие сами обезбедуваат за секој проект. Ова значи дека сите оние кои досега веќе започнале со инвестицијата веќе вложиле свои средства или средства од кредити за половина инвестиција а сега остантите 50% заради корупцијата на власта нема да им бидат исплатени и не се знае кога и дали ќе бидат воопшто исплатени. Прво прашање што мора да го одговори итно власта е: Колку корисници веќе имаат потпишано договори и имаат вложено свои средства? Што ќе преземе владата за да ги заштити овие луѓе бидејќи е јасно дека заради корупцијата на луѓето на Трипуновски и Мицкокси тие се оштетени“, рече Кузеска.
Таа кажа дека ваквите суспензии може да траат две до три години, а прашање е дали воопшто ИПАРД програмата по ваков скандал ќе продолжи.
„СДСМ бара итно објавување на сите документи и извештаи поврзани со програмата IPARD, бројот на корисници и извештај за ризикот кој е настанат како резултат на корупцијата и итна оставка од Трипуновски и сите назначени лица кои биле дел од овој процес кои може да бидат компромитирани“, рече Кузеска.
Македонија
Општина Центар додели 48 спортски стипендии
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на отворањето на Лига Центар за учебната 2025/2026 година, додели 48 спортски стипендии на ученици од основните училишта во општината, како признание за врвните резултати постигнати во различни спортски дисциплини.
Стипендиите се доделуваат во три категории, во износ од 2.500, 3.000 и 3.500 денари, и се исплаќаат во текот на осум месеци од учебната година. Добитници се учениците што се истакнале како најдобри стрелци, играчи и голмани во Лига Центар, како и оние кои постигнале исклучителни резултати во пливање, карате, гимнастика, тенис, џудо, скијање, триатлон, мечување и бадминтон.
Герасимовски, честитајќи им на младите спортисти, истакна дека локалната самоуправа континуирано вложува во создавање подобри услови за спорт и физичка активност на младите.
„Во програмата за наредниот период предвидуваме изградба на два нови покриени базени, едниот токму во ова училиште, „11 Октомври“, а вториот во ООУ „Димитар Миладинов“. Учениците од Центар ќе имаат уникатна можност пливањето да стане дел од наставната програма. На тој начин, децата ќе стекнуваат здрави спортски навики уште од рана возраст, што ќе придонесе за развој на физичката активност и правилен раст и развој,“ изјави Герасимовски.

