Македонија
Симулација на преговори за името во Охрид
Викендов во Охрид се симулираат преговорите за името меѓу Македонија и Грција, на која учествуваат интелектуалци и експерти од двете земји, новинари и политичари кои ја третираат оваа тема изминативе 18 години.
Викендов во Охрид се симулираат преговорите за името меѓу Македонија и Грција, на која учествуваат интелектуалци и експерти од двете земји, новинари и политичари кои ја третираат оваа тема изминативе 18 години„Условите никогаш не биле подобри отколку сега за решавање на спорот за името меѓу двете земји“, изјави Бренда Персон од Меѓународната кризна кризна на трибината што денес се одржа во Охрид, пред утрешната симулација на македонско-грчки преговори за името коишто првпат се одржуваат во Македонија. „Денес повеќе има простор и потреба од прагматизам отколку за емоции“, додаде ПерсонВо врска со изјавата на Александар Маљас, Стојан Андов вели дека се отвора време кога и македонската влада не може да одбие да преговара за овие предлози и ќе згреши ако одбие да преговара за нив. „Станува збор за промена која е нужна во односите меѓу двете држави“, нагласи Андов, пратеник во Собранието на Република Македонија. Професорот Фрчкоски вели „Клучниот пробив во преговорите е пред нас, главниот пробив треба да е во договарањето име за меѓународната употреба, како замена за референцата ФИРОМ“;Реј Пауер од Британска стопанска комора вели, „Ова прашање е важно, доколку Македонија сака да има надеж за приближување во ЕУ, односно да има поинтернационани перспективи“Никос Франколопос, дописник на грчката агенција АНА од Скопје и репортер на грчката национална телевизија е по малку песимистичен во однос на скорешното прашање на спорот за името „Економската криза нема да ја смени позицијата на Грција. Тоа е невозможно. Ставовите на двете земји се различни и засега не гледам простор за компромис.Според најавите на организаторот, во Охрид експертите поддржани од меѓународната заедница ќе се обидат да симулираат како Македонија во целиот овој процес да излезе како победник.
Во хотел „Инекс Горица“ во Охрид првпат на овие простори во Република Македонија влијателни поранешни политичари, експерти и аналитичари ќе се обидат да симулираат дијалог кој треба да доведе до решение за две деценискиот спор за името помеѓу Македонија и Република Грција.
А1 телевизија како организатор на овој настан смета дека на јавноста во ситуација кога и двете страни практично ги филуваат информациите за да се претстави дека навистина се преговара, ќе се обиде преку овој проект да покаже дека вклучувањето на јавноста може да придонесе за решавање на спорот, кој како што знаеме е кочница за македонскиот прием во НАТО и почеток на преговорите со Европската Унија.
Во Охрид учествуваат од Меѓународната кризна група Бренда Пирсон, Реј Пауер од Британската стопанска Комора, поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, поранешниот министер за надворешни работи и професор по меѓународно право Љубомир Фрчкоски, Филос Стангос, новинар од Грција, Младен Чадиковски од А1 телевизија, Атанас Кировски главен и одговорен уредник на магазинот Форум, Беким Кадриу и др.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија
Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченото отворањето на Меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија, што се одржа во претседателскиот Кабинет во присуство на бројни дипломатски претставници и странски гости.
Говорејќи меѓу раскошните мозаици на Глигор Чемерски коишто сведочат за историски вкоренетиот македонски удел во европската култура и цивилизација, Сиљановска-Давкова истакна дека како што секое камче е неопходно за стабилноста на мозаикот, така и Западниот Балкан е неопходен дел од европската целина, без кој ЕУ останува ранлива во услови на геополитички предизвици, војни и хибридни закани.

Во обраќањето таа потсети на визијата на Рихард Куденхоф-Калерги за обединета Европа изградена врз вредности, како и на заложбите на Ото фон Хабсбург за надминување на поделбите и интеграција на народите од Централна, Источна и Југоисточна Европа.
Претседателката укажа дека денес постојат нови, политички бариери што ја држат земјата во состојба на продолжена неизвесност и покрај децениските реформи и направените тешки компромиси.

Според неа, македонските граѓани одамна ја покажале својата цврста определба за европската иднина и не им се потребни сожалувања и post-festum извинувања, туку навремени, ex-ante решенија за деблокада на евроинтеграцијата.
Таа повика на обновена политичка волја и лидерство што ќе го заокружи процесот на проширување.
На свеченото отворање на конференцијата се обратија: претседателот на Паневропската унија на Македонија, Андреј Лепавцов, претседателот на Меѓународната паневропска унија, Паво Баришиќ, австрискиот амбасадор, Мартин Памер и Штефан Хабек претставник од Паневропската унија на Австрија и Институтот на регионите на Европа.

Паневропската унија на Македонија е формирана 1993 година и се залага за промоција на европските вредности и меѓународно лобирање за интеграција на државата во Европската Унија.
Македонија
Перински: Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските во делот на регионалниот развој и ЕУ политиките
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на министерот за регионален развој и јавна администрација, Tibor Navracsics, оствари еднодневна работна посета на Унгарија, насочена кон продлабочување на билатералната соработка и зајакнување на партнерството меѓу двете држави.
Во фокусот на разговорите беше размената на искуства за поефикасно и целосно искористување на програмите на Европската Унија, како и поддршка на вклучувањето на Македонија во нови европски програми. За Министерството за локална самоуправа, оваа соработка има особено значење во насока на унапредување на регионалниот развој, пренесување на знаење со цел зајакнување на институционалните капацитети и пристапот до европски фондови.

Во рамки на посетата, министерот присуствуваше и на отворање на изложба во Центарот за дигитални искуства (CODE), каде што свое обраќање имаше министерот за култура и иновации на Унгарија. Центарот е формиран во рамки на програмата „Веспрем–Балатон 2023 – Европска престолнина на културата“ и има за цел да отвора нови можности за културна размена преку дигитални и интерактивни содржини.
Останатиот дел од агендата беше посветен на посети на неколку значајни локации во округот Веспрем, при што беа разменети мислења и искуства за локалниот и регионалниот развој, како и за актуелните општествени процеси. Во тој контекст беа допрени и теми поврзани за начините за зголемување на атрактивноста на регионите, како и мерките за поттикнување на општините кон поголема самоодржливост и ефикасно користење на сопствените развојни потенцијали.

Посетата претставува уште еден чекор кон продлабочување на меѓусебната соработка и размена на добри практики во области од заеднички интерес.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди, наместа со услови за провејување на слаб снег
Утре променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување на слаб снег.
Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури.

