Македонија
Наумовски: Досега се усвоени 43 од 106 предвидени закони за годинава
Владата досега има усвоено 43 од вкупно 106 закони предвидени за 2010-та година со европската агенда, додека 15 се во собраниска процедура, изјави вице-премиерот за европски прашања, Васко Наумовски.
Владата досега има усвоено 43 од вкупно 106 закони предвидени за 2010-та година со европската агенда, додека 15 се во собраниска процедура, изјави вице-премиерот за европски прашања, Васко Наумовски.
На денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции на која се разгледуваше информацијата за усогласување на македонското со европското законодавство, Наумовски рече дека овие бројки се доказ за добра динамика при донесување на законите предвидени со европската агенда.
„Ова на најдобар можен начин ја потврдува посветеноста на Владата за исполнување на критериумите што произлегуваат од членството во Унијата, како и за создавање солидна почетна позиција за претстојниот почеток на преговорите за полноправно членство“, изјави Наумовски.
Според опозицијата, не е спорно донесувањето на законите, туку нивната примена во пракса. За пратеникот Тито Петковски, донесениот закон за антидискриминација е неевропски.
„Со неколку потези практично покажуваме дека едно зборуваме, а друго правиме. Она што е чисто партиски интерес го спроведуваме, додека она што е обврска на државата апсолутно не сме многу посветени“, вели пратеникот Петковски.
Пратениците на позицијата со спротивен став. Донесувањето на овој закон, според нив, значи напредок за Македонија.
„Овој закон е донесен и тоа е напредок во Република Македонија. Во овој закон не е опфатена сексуалната ориентација, која на друг начин е опфатена во други закони, и тоа во законот за работни односи на директен начин и во законот за државни службеници на индиректен начин. Според информациите што ги имам, во Брисел констатираат дека Република Македонија има напредок во овој дел и не можам да се сложам со констатацијата дека сме донеле неевропски закон“, рече пратеникот Петар Поп-Арсов.
Извештајот што денеска го разгледуваше советот се однесува на првите три месеци од годинава. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

