Македонија
Контролата врз жената и децата е неприфатлива
Контролата врз жената и децата е неприфатлива и неоправдана, заклучија денешните потписници на Меморандумот за соработка и развивање на две програми од областа на семејното насилство.
Контролата врз жената и децата е неприфатлива и неоправдана, заклучија денешните потписници на Меморандумот за соработка и развивање на две програми од областа на семејното насилство. Учесници на свеченото потпишување беа: Џељаљ Бајрами, Министер за труд и социјална политика, Диадре Бојд, Постојан Координатор на ОН и УНДП, Амбасадорката на Кралството Холандија – Симоне Филипини, Коце Трајанов, Претседател на ЗЕЛС и Градоначалник на Град Скопје, Владимир Талевски, Градоначалник на Битола, Зоран Дамјановски, Градоначалник на Куманово, Сади Беџети, Градоначалник на Тетово и Александар Панов, Градоначалник на Кавадарци. „Целта на овој документ е целосно поврзување на сите национални институции и граѓанското општество во борбата против семејното насилство,“ истакна Џељаљ Бајрами, Министер за труд и социјална политика и ја поздрави „огромната поддршка која доаѓа од Кралството Холандија и личната заложба на Амбасадорката Симоне Филипини за спречување на семејното насилство низ домовите во Македонија“. „Во некои од општините кои ги посетив градоначалниците ми кажаа дека во нивната општина нема семејно насилство. Сакам да порачам дека без разлика на образовното ниво, економската ситуација, и традициите на средината, семејното насилство постои и тоа е така насекаде низ светот,“ рече Филипини и додаде дека е задоволна што Владата на Р. Македонија целосно се зафаќа со решавање на овој проблем. Според Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски нашето општество се залага за еднакви права за жените и мажите. „Како дел од програмата ќе биде и финансиската поддршка за фирмите кои ќе вработат жени жртви на семејно насилство, со што ќе им се помогне на овие жени да не се плашат за својата егзистенција,“ додаде Трајановски. Потпишувањето на Меморандумот за Соработка помеѓу Министерството за труд и Социјална Политика, Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП, ЗЕЛС и 5-те пилот општини (Битола, Тетово, Кавадарци, Куманово и градот Скопје е дел Програмата за Развој на ОН за „Зајакнување на националните капацитети за спречување на семејното насилство“ поддржана од Владата на Кралството Холандија и Фондот на ОН./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување
Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана по здравјето, лекарот Нико Беќаровски преку објава на социјалните мрежи сподели едноставен совет и план за тоа како да се минимизира нивното негативно, потенцијално канцерогено дејство врз организмот.
Според Беќаровски, изложеноста на овие честички не може целосно да се избегне, но може да се ублажи нивното влијание преку секојдневни навики кои го поддржуваат организмот. Тој препорачува денот да започне со чај од диво оригано, во комбинација со додатокот G-132+ Natural.
Пред ручек, како што наведува, корисно е да се консумира зелен чај заедно со витамин Д во доза од 1.000 И.Е., додека навечер советува чај од ѓумбир и куркума, или бел слез, повторно во комбинација со G-132+ Natural.
Дополнително, Беќаровски нагласува дека во текот на денот е важно да се внесуваат најмалку два литра млака вода со парче лимон, а кај лицата без висок крвен притисок може да се додаде и уште една шолја зелен чај.
„Ако не може да се спречи, барем благовремено да се лечи“, порачува Беќаровски, потенцирајќи дека грижата за здравјето е особено важна во периоди на екстремно аерозагадување, кога последиците од вдишувањето на штетните честички може да бидат долгорочни.
Македонија
Мицкоски за Денот на наставата на турски јазик: Образованието на мајчин јазик е педагошка потреба
Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод Денот на наставата на турски јазик, посочувајќи дека овој ден нè потсетува дека образованието на мајчин јазик е педагошка потреба, но и длабока цивилизациска вредност и уставна определба.
-Преку јазикот се пренесуваат знаењето, културната меморија и чувството на припадност, а преку училиштето тие вредности се претвораат во заедничко богатство на државата, наведе Мицкоски.
Премиерот посочува дека наставата на турски јазик е дел од нашето историско и општествено наследство и придонесува кон градење образовен систем заснован на почит, еднаквост и меѓусебно разбирање.
-Како Влада, ја разбираме одговорноста да обезбедиме услови во кои секое дете ќе има пристап до квалитетно образование, без разлика на мајчиниот јазик. Инвестирањето во образованието и во наставата на мајчин јазик е инвестирање во довербата, во заедништвото и во иднината на државата. Честит Ден на наставата на турски јазик, додава премиерот во објава на Фејсбук.
Македонија
МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила во услови на намалена видливост, како и воопшто да не седнуваат зад воланот доколку консумирале алкохол на предновогодишни забави и семејни веселби.
Оттаму информираат дека на територијата на Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје во периодот од 15 до 20 декември биле констатирани 53 сообраќајни несреќи и дека сообраќајните контроли на полицијата продолжуваат со несмален интензитет.„Апелираме и до учесниците во патниот сообраќај да бидат внимателни и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да поседуваат зимска опрема и да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата. Сите нарушувања на јавниот ред и мир да ги пријават во полициска станица или преку телефонските броеви 192 или 112“, велат од МВР.
Од Министерството се осврнуваат и на активностите што се преземаат против употребата на пиротехнички средства. Мерките, велат, се спроведуваат со засилена динамика, имајќи го предвид фактот дека употребата на овие опасни средства е карактеристична за периодот околу Нова година.
Целта, додаваат оттаму, е да се зголеми свеста кај младите, но и кај нивните родители, дека петардите не се играчки, туку опасни средства кои можат да нанесат ненадоместливи и трајни последици по здравјето.

