Македонија
Славење на светскиот ден на танцот
Втора година по ред, Локомотива заедно со останатите партнери на НОМАД танц академија, со цел да го промовираат современиот танц како отворена и социјално релeвантна уметност организираат заедничка прослава на светскиот ден на танцот 29 -ти април, под слоганот GO OUT AND DANCE/ ИЗЛЕЗИ И ТАНЦУВАЈ.
Втора година по ред, Локомотива заедно со останатите партнери на НОМАД танц академија, со цел да го промовираат современиот танц како отворена и социјално релeвантна уметност организираат заедничка прослава на светскиот ден на танцот 29 -ти април, под слоганот GO OUT AND DANCE/ ИЗЛЕЗИ И ТАНЦУВАЈ.
Граѓаните на Скопје, заедно со организаторите и поканетите учесници (кореографи, професионални изведувачи, љубители на танцот) денеска ќе танцуваат и ќе се забавуваат во Градскиот парк .
Во истиот временски период, на различни јавни простори ќе танцуваат и граѓаните на Љубљана (Словенија), Загреб (Хрватска), Белград (Србија), Софија (Бугарија) и Сараево (Босна и Херцеговина) на покана на останатите партнери на НОМАД танц академија како и на бројни уметници од Балканот и пошироко.
Во Скопје, со музичка поддршка на Соња Исмаил, покрај “ослободениот” танц, граѓаните ќе ги проследат и танцовите импровизации на младиот кореограф Кире Миладиноски, на дел од групата учесници на танцовиот проект Мртва Природа/ Still Lives (во кореографија на Избел Шад (Германија), со кој се отвори фестивалот за современ танц Локомоушн 2009) и други.
Настанот ќе се документира со видео. Исто така, секој присутен може посебно да документира фрагменти од настанот, додека пак тие што не се во можност да се приклучат, може да снимаат фрагменти од својот танц, дома, или каде и да е и да ги прикачат на слободен сервер./крај/со/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.

