Македонија
СДСМ: Груевски кукавички продолжува со Скопје 2014
На ден празник, денот на работниците, Груевски во 3 часот наутро, кукавички и далеку од очите на јавноста одлучи да си продолжи со мегаломанскиот и забеган проект Скопје 2014.
На ден празник, денот на работниците, Груевски во 3 часот наутро, кукавички и далеку од очите на јавноста одлучи да си продолжи со мегаломанскиот и забеган проект Скопје 2014.
Вака реагира опозициската СДСМ на поставувањето на двата коњаници на Гоце Делчев и Даме Груев на плоштадот „Македонија“. СДСМ потсетува дека за овој проект се потрошени повеќе од 200 милиони евра.
„Toa што е најстрашно, овие 200 милиони евра Груевски ги троши во време кога државата е најголемиот должник на фирмите, кога повратот на ДДВ скандалозно доцни, кога се распаѓа здравствениот систем, а стечајци секојдневно протестираат пред Владата. Груевски нема време за тие проблеми, нему сопствениот рејтинг му е поважен од иднината на државата“ изјави Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.
Сакаме да потсетиме дека се работи за проект за кој ќе бидат потрошени повеќе од 200 милиони евра, проект за кој премиерот не се консултираше со граѓаните и јавноста и се уште упорно бега од одговорност, наведува СДСМ./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.