Контакт

Македонија

Скршена спомен плочата кај Вејце

Објавено пред

Спомен плочата, што беше поставена пред неколку дена кај Вејце со имињата на загинатите бранители во конфликтот во 2001 година е скршена, јави дописникот на Макфакс.

Спомен плочата, што беше поставена пред неколку дена кај Вејце со имињата на загинатите бранители во конфликтот во 2001 година е скршена, јави дописникот на Макфакс.

Оштетувањето на плочата која беше поставена на одбележувањето на девет годишнината од масакрот било забележано вчера од страна на претставниците на здружението „Достоинство“ од Тетово.

Претседателот на тетовскиот огранок на „Достоинство“, Марин Најдов вели дека ова било неочекуванo, бидејќи сметале дека територијата е безбедна.

„Сметаме дека територијата е безбедна и сите можеме слободно да се движиме. За овој настан ќе ги информираме сите политички структури и градоначалникот на Тетово, за да ги најдат и соодветно да ги казнат сторителите“, изјави Најдов.

Тој рече дека очекуваат плочата да биде направена и да биде вратена на своето место, зошто како што рече тоа е цивилизиран чин и е во функција на заедништвото.

Годинава за прв пат беше организирана посета на местото на патот Тетово-Селце-Вејце, меѓу двете кривини, каде во 2001 година беа нападнати возилата во кои беа припадниците на АРМ.

По повод девет години од масакрот на бранителите претставници на „Достоинство“ и членови на семејствата на загинатите им оддадоа почит на жртвите и ја поставија спомен плочата.

Првиот обид да се посети спомен плочата во 2003 година беше неуспешен./крај/сс/бд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

За еден ден казнети 374 возачи во Скопје

Објавено пред

Полицијата вчера казнила 374 возачи во Скопје од кои 92 за брзо возење.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, 29 септември, продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 374 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола се казнети 24 лица, за пречекорување на дозволената брзина 92 лица, а за технички неисправни и нерегистрирани возила казнети се 16 возачи.

Полицијата вчера казнила и 27 мотоциклисти, 107 возачи за непрописно паркирање, а изречени се 16 санкции кон пешаци и 48 казни за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Трчај бе“ во Битола, по втор пат спектакл

Објавено пред

Второто издание на „Трчај бе“, само го потврди минатогодишниот впечаток, после првата трка, дека градот на конзулите не е само град на седење и пиење кафе, туку станува сериозен арбитер на тркачката мапа во нашата држава и регионот. Од оваа година, овој настан е и официјално прифатен и од Атлетската федерација на Македонија, а присуството на претседателката Александра Војнеска-Зикова, која го означи стартот на двете трки е потврда за значењето на „Трчај бе“.

Оваа година, организаторите и покрај тоа што беа соочени со здравствената криза предизвикана од Ковид-19, одговорија успешно на предизвикот да организираат трка во услови на пандемија, покажувајќи дека со многу посветеност, вклучување на професионален тим и пред сѐ љубов, можат да бидат надминати сите пречки и приредија вистински тркачки спектакл во Битола.

Одличната организација од минатата година беше причина, од мигот на објавување на пријавувањето на трката до пополнување на предвидениот број согласно здравствените протоколи, во само 48 часа да се пополнат сите места.

Нешто помалку од 600 натпреварувачи, поделени на трките на 5 и 10 километри ја растрчаа Битола. Посебните протоколи, кои важеа за оваа трка вклучуваа и мерење на температурата на секој од натпреварувачите, дезинфекција на старт и цел, задолжително носење на маска се до почетокот на трката, како и старт во бранови на одредено временско растојание по принципите на хронометар трка. Македонската атлетска елита беше присутна на настанот што беше гаранција за супер интересна трка.

„Трчај бе“ создаде нова спортска приказна во градот под Пелистер. И ова е дефинитивно најмасовниот спортски настан кој Битола досега го имала.

„Трчај бе“ имаше моќ да го промени животот на битолчани. „Трчај бе“ ги натера да почувствувате што значи да се придвижиш и физички и духовно. Блескава промена е да истрчаш една трка и низ целта да поминеш со подигнати раце. Ние тоа им го овозможивме, за да почувствуваат колку трчањето може да им го промени животот на подобро” изјави Никола Димитровски, познат битолски адвокат кој е директор на трката.

Тој со својот тим, иако во комплицирани услови заради здравствената криза, успеа многу успешно да го одржи ветувањето дека трка е можна, по сите протоколи, ако се има вистинскиот тим.

Бројни награди за победниците во различни категории, а како изненадување за нив, настап на најдоброто од Битола, групата Фолтин на целта, панк бендот Паркети на една од точките по патеката, Дувачкиот оркестар на Битола на друга точка, а бројни кафулиња и поединци организираа забава и бодрење за натпреварувачите низ целата патека, правејќи атмосфера како на големите светски маратони.

Актерите Марјан Ѓоргиевски и Никола Пројчевски, како и познатиот битолчанец Зоран Лазаревски-Паљото беа забава за натпреварувачите.
Резултати на 10.000 метри:
Мажи
1.Дарио Ивановски 30.50
2.Атанас Анчевски 33.31
3.Кокан Ајановски 33.57
Жени
1.Адријана Поп Арсова 37.17
2.Биљана Кираџиева 37.55
3.Миљана Ристиќ 39.06
Резултати на 5.000 метри:
Мажи
1.Кристијан Наумовски 17.08
2.Григоријан Никовски 17.12
3.Атанас Епов 17.22
Жени
1.Бојана Наумовска 20.49
2.Биљана Сивева 21.32
3.Марија Пеликон 21.44
Резултати на тимови:
Жени
1. Korruners
2. NRC – Nike + Run Club
3. Охрид ТрчаТ
Мажи
1. NRC – Nike + Run Club
2. АК Делта
3. Korrunners

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров во работна посета на Берлин

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Берлин.

Ова е прва посета на претставник на Владата на Северна Македонија по нејзиното формирање, а воедно и прва за време на германското претседавање со Советот на ЕУ. Германија како актуелен претседавач со Унијата го води процесот на усогласување на Преговарачката рамка, клучниот документ согласно кој што ќе се водат преговорите.

Во рамки на посетата предвидени се средби и со: Јан Хекер, главен советник за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Меркел, Томас Багер, советник за надворешна политика на претседателот Штајнмаер, Забине Штер, ополномоштеник за ЕУ политики во германското МНР и Сузане Шуц, директорка во министерството за надворешни работи на Германија, за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, како и со други релевантни соговорници во контекст на германската поддршка за нашата европската иднина.

Главниот акцент при разговорите ќе биде ставен на реализација на веќе утврдената заедничка цел на Северна Македонија и Германија – одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ до крајот на годинава. Покрај размената на мислења за динамиката на усвојување на рамката, вицепремиерот Димитров ќе ги отовори и прашањата за регионалната соработка во контекст на Берлинскиот процес чиј иницијатор е токму Германија, како и можностите за унапредување на билатералната развојна соработка и трговските односи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет35 минути

ЕУ со предупредување до Турција: Сите опции се на маса

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел предурпеди дека сите опции се на маса во одбрана на интересите на ЕУ, ако...

Свет49 минути

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет58 минути

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет15 часа

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија16 часа

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија16 часа

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија16 часа

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија19 часа

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет19 часа

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија20 часа

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија21 час

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија21 час

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија21 час

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Македонија22 часа

Илјадници ученици и денес не може да се приклучат за онлајн-учење, Царовска повикува на трпение

Фијаско и на генералната проба, Националната платформа за онлајн-учење и денес паѓа. Илјадници ученици, наставници и родители и утрово не...

Свет22 часа

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на „Твитер“ дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон. In #Vardenis which is located...

Македонија22 часа

Средба Османи – Вархељи: Почетокот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарот за соседство и...

Топ23 часа

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници...

Македонија23 часа

МОН: За еден ден, на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина,...

Свет1 ден

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Свет1 ден

(Видео) Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан. Како што...

Досие