Македонија
Се најавуваат измени во Законот за високо образование
Министерството за образование и наука најави измени на Законот за високо образование, во делот на трошењето на средства на факултетите и мобилноста на професорите на државните и приватните универзитети.
Министерството за образование и наука најави измени на Законот за високо образование, во делот на трошењето на средства на факултетите и мобилноста на професорите на државните и приватните универзитети.
Со првата измена се предвидува дел од средствата за самофинансирање на факултетите, да се трошат за научно – капитални инвестиции.
Оваа измена се планира бидејќи некои од факултетите од капитални инвестиции кои изнесувале 2,8 милијарди денари потрошиле, само 100 милиони во вакви инвестиции.
Втората измена предвидува поголема мобилност на професорите во рамките на државните и приватните факултети и зголемување на работните часа на професорите.
Досега професорите на факултетите имале осум училишни часа неделна, а останатите часови ги надополнувале со консултации, научно-истражувачка работа, спроведување на испитите.
Со измените се предвидуваат професорите да предаваат 16 часа неделно , при што останатите осум часа самите професори да одлучат дали ќе ги работат во друг државен или приватен факултет.
При склучувањето на договорот на професорите со приватниот факултет, дел од приходите на професорите да одат во касата на државниот универзитет каде што се вработени./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво

