Македонија
Македонија денес одбележува 107 години од смртта на Гоце Делчев
Македонија денеска одбележува 107 години од смртта на еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ и лидер на Тајната македонско одринска револуционерна организација (ТМОРО), Гоце Делчев
Македонија денеска одбележува 107 години од смртта на еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ и лидер на Тајната македонско одринска револуционерна организација (ТМОРО), Гоце Делчев.
Гоце Делчев загина на 4 мај 1903 година кај местото Баница во Егејска Македонија.
Саможртвата на Гоце Делчев за ослободувањето на македонскиот народ и создавање на независна и автономна македонска држава му донесе признание и почит а неговото име стана легенда вткаена во свеста на македонската народна маса.
Посмртните останки до 1917 година се чуваа во Баница каде загина Гоце Делчев а подоцна се пренесени прво во Ксанти Грција па Софија Бугарија.
До 1923 година посмртните останки ги има Михаил Чаков а од 1946 година тие се пренесени во црквата Св Спас во Скопје каде се чуваат до ден денешен.
По повод 107-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, делегација на Град Скопје во состав Гордана Ивановиќ, Секретар на Град Скопје и Ирена Мишева – Претседател на Советот на Град Скопје, денес во 10 часот ќе положи свежо цвеќе пред неговото вечно почивалиште во црквата „Свети Спас“.
Исто така и делегација на Советот на Град Скопје во состав Сашо Стефановски, Тони Ѓуровски, Александар Бичиклиски и Игор Гиевски ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот Парк./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

