Македонија
Енигма околу експлозијата над Железарница
Ако направата полетала два до три километри во висина, сигурно имала експлозивно полнење, изјави Нове Георгиевски, заменик-генерален директор на Рудници и Железарница.
Ако направата полетала два до три километри во висина, сигурно имала експлозивно полнење, изјави Нове Георгиевски, заменик-генерален директор на Рудници и Железарница. Според неофицијални информации, станува збор за експлозивна направа за која не се знае како се нашла во кругот на фабриката.
Георгиевски додава дека секое возило со старо железо што влегува во Железарница се контролира на влезот и излезот, но дека има случаи кога влегува и по некоја експлозивна направа. Георгиевски додава дека крим техника направила увид на лице место и ќе излезе со официјални информации за инцидентот. Инаку, камиони со старо железо во скопска Железарница најмногу се носат од Косово, Србија и Бугарија. Во денешниот инцидент повредени се две лица, еден полесно и еден потешко. Потешко е повреден 35. годишниот Димо Пилуговиќ, кој со тешки изгореници е префрлен во Градската болница и се наоѓа во критична состојба. /сторија во развој/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

