Македонија
Таневска: Новиот закон за ревизија е европски

Главниот државен ревизор Тања Таневска денеска по средбата со Антикорупциска и институциите изјави дека новиот закон за ревизија е европски закон, усогласен со меѓународните стандарди и меѓународната пракса
Главниот државен ревизор Тања Таневска денеска по средбата со Антикорупциска и институциите изјави дека новиот закон за ревизија е европски закон, усогласен со меѓународните стандарди и меѓународната пракса.
„Во текот на изготвувањето на законот, ние со Министерството за финансии навистина имавме интензивна соработка, бевме дел од таа работна група која што го изготвуваше законот и на крајот пред да се достави до Владата и до Собранието беше два пати процесуиран до Брисел до Директоратот за буџет. Така што ние добивме коментари кои што потоа Министерството ги имплементираше и на тој начин мислам дека треба да бидеме задоволни, односно да кажеме со сигурност дека законот е усогласен со европското законодавство“, изјави Таневска.
Таа рече дека законското решение и во новиот закон останува како што беше и до сега.
„Значи и понатаму Собранието ќе има можност да дискутира за било кој ревизорски извештај“, додаде Таневска.
Таа посочи дека Државниот завод за ревизија работи на унапредување на соработката со парламентот и на тоа да се изнајде решение, односно тело кое што ќе ги разгледува ревизорските извештаи.
„Значи нашите активности се насочени кон тоа дали посебно тело ќе ги разгледува или Комисијата за финансирање и буџет. Оставаме на пратениците да се договорат меѓу себе кое тело ќе биде тоа“, укажа главниот државен ревизор./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Активни седум пожари во државата

Според најновите информации, на територија на цела држава активни се седум пожари, информира Центарот за управување со кризи.
На ден 24.07.2025 година, се евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои седум се активни,три се под контрола и два се изгаснати.
АКТИВНИ (7):
1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (мешана шума)
3. Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)
4. Општина Македонски Брод 1 – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
5. Општина Македонски Брод 2 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
6. Општина Македонски Брод 3 – с. Латово (мешана шума)
7. Општина Македонски Брод 4 – с. Црешнево (ниска вегетација)
ПОД КОНТРОЛА (3):
1. Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
2. Општина Македонски Брод – с. Латово, место викано Маркова Стапалка (грмушки и сува трева)
3. Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева)
ИЗГАСНАТИ (2):
1. Општина Чучер Сандево – кај далеководите (мешана шума)
2. Општина Куманово – с. Речица (ниска вегетација)
Македонија
Орце Ѓориѓиевски и Каја Шукова ќе се борат за Град Скопје и со кандидат од „Влен“, Меџити името ќе го објави следната недела

Коалицијата „Влен“ ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Скопје, најави денес првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити. Во коалицијата сѐ уште траат анализите за настап на претстојните локални избори, а засега извесно е само дека ќе го поддржат независниот кандидат за градоначалник на Струга, Менди Ќура.
„Ќе имаме кандидат за Град Скопје. Кој ќе биде и за Чаир и за Скопје и за сите општини предложен од ‘Влен’, ќе биде извесно многу бргу. Досега ‘Влен’ има определено да му даде поддршка на независниот кандидат Менди Ќура за Струга. При крај сме со сите општини со анализите, разговорите, мислам дека наредната недела ќе ги објавиме сите“, рече денес Меџити.
Како што е пракса во плурализмот, односно од деведесеттите наваму, Меџити вели дека и за овие локални избори владините партнери ќе си помагаат исто како што си помага опозицијата.
Кандидатот од „Влен“ за градоначалник на град Скопје ќе се бори со актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, кој е кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, и со поранешната министерка за животна средина, Каја Шукова, кандидатка на СДСМ.
Македонија
Пратениците изгласаа: секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, кој истакна дека младите луѓе во Македонија добија партнер во државата, а воедно и дека од септември секој студент, кој е запишан на додипломски студии, ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за електронски уред.
„Констатирам дека кога е ВМРО-ДПМНЕ во прашање и младите во Република Македонија, зборот е збор и затоа денес се гордеам што сум овластен предлагач на Законот за вредносните ваучери, со кој секој студент запишан на додипломски студии на возраст до 29 години од септември ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за да набави електронско помагало во форма на лаптоп, таблет или персонален компјутер“, вели Попов.
Пратеникот Попов посочи дека младите се во фокусот на оваа Влада, дека сѐ што е ветено е испорачано како со проширувањето на опсегот за студентски оброк така и со вредносните ваучери за студентите, односно ветувањата што ВМРО-ДПМНЕ ги дава се остваруваат за разлика од седумгодишното владеење на минатата власт.
„Ветувањата што ВМРО-ДПМНЕ ги дава пред младите луѓе не се декларативни. Младите луѓе во Република Македонија добија партнер од страна на Владата, младите повторно имаат мајка Македонија, а не маќеа, како што беше седум години. Секогаш ќе настојувам мојата партија да ги застапува младинските интереси вистински и во пракса, а не само декларативно преку видеоспотови и празни флоскули. Со Законот за вредносните ваучери 250 евра за секој студент во државата многу бргу ќе биде реалност, а во иднина и многу други работи со оваа Влада и ова владејачко мнозинство ќе стануваат реалност“, рече Попов.