Македонија
Сеќавање на претседателот Борис Трајковски на Конференцијата во Охрид

„Мојот пријател, покојниот претседател Борис Трајковски даде поттик за остварување на Конференцијата за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог,“ рече Премиерот Никола Груевски на денешното обраќање на Конференцијата.
„Мојот пријател, покојниот претседател Борис Трајковски даде поттик за остварување на Конференцијата за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог,“ рече Премиерот Никола Груевски на денешното обраќање на Конференцијата.
„Секој поединец е, и треба да биде почитуван како личност. Тој е столбот и носителот на човековите права и слободи. Тој е поводот, како и причината за остварувањето на целокупната слобода и достоинството на човештвото воопшто,“ говореше тогаш Трајковски и со тоа испраќаше јасна порака до следните генерации.
Според Груевски, претседателот Борис Трајковски, кој беше домаќин на Дијалогот помеѓу цивилизациите, што се одржа во Охрид во 2003 година е голем дел од причината зошто денеска голем број на претставници од сите верски заедници од над 30 држави од неколку континенти се наоѓаат во Охрид и испраќаат апел до светот за мир и толеранција.
На Втората Конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог која по втор пат се одржува во Охрид присуствуваат голем број на претставници од сите верски заедници, потоа голем број на експерти, научни и културни работници, професори и претставници од невладиниот сектор.
Присутни се претставници и духовни лидери од Руската православна црква, Албанската православна црква, Сиријската Православна Теолошка Школа, Антиохиската Сиријска Православна Црква, Римокатоличката црква, претставници од Ватикан (Светата Столица), Евангелистичко- Методистичката Црква, Еврејската заедница, претставници од Исламските заедници од Македонија, Србија, Хрватска, Албанија и Кина, Ваишнавската заедница и др./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.