Македонија
Борците во НОБ беа антифашисти, а не комунисти
Оценката дека учесниците во Народноослободителна борба (НОБ) биле комунисти е погрешна, бидејќи тие пред се беа антифашисти.
Оценката дека учесниците во Народноослободителна борба (НОБ) биле комунисти е погрешна, бидејќи тие пред се беа антифашисти.
Оваа денеска во Дебар го изјави претседателот на Сојузот на Борците од НОБ на Македонија , народниот херој Атанас Забазановски.
Тој додаде дека Сојузот на Борците од НОБ не е задоволен од актуелната позиција на борците .
На одреден начин нашата организација на е ставена во редот на останатите револуционерни борби. Ние не ги негираме поранешните револуционерни борби. Тие остануваат во историјата, како и ние што ќе останеме еден ден во историјата. Но треба да не почитуваат и да не помагаат во нашите активности подвлече претседателот на Сојузот на Борците од НОБ, коментирајќи ја положбата на оваа организација во овие моменти.
Тој од Дебар, каде што говореше на свечена академија по повод Денот на победата против фашизмот и 65 годишнината од загинувањето на дебарскиот народен херој Лиман Каба изрази оптимизам дека меѓуетничките односи ќе останат добри , а Македонија ќе продолжи да се развива. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

