Македонија
Ѓорге Иванов една година на претседателската функција
Денеска се навршува една година откако Ѓорге Иванов стапи на функцијата Претседател на Република Македонија.
Денеска се навршува една година откако Ѓорге Иванов стапи на функцијата Претседател на Република Македонија.По тој повод, Иванов ќе се сретне со граѓани кои се пријавиле на претходно распишан оглас.Иванов, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, во вториот круг на претседателските избори одржан на 5 април 2009-та година освои 453,426 гласови, наспроти неговиот против-кандидат од СДСМ, Љубомир Фрчковски, кој освои 264,692 гласови. Со свеченото положување на заклетва пред македонските пратеници, Претседателот Ѓорге Иванов ја превзема функцијата на 12-ти мај 2009-та година. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 14 степени
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди почести во источниот дел и со слаб југозападен ветер. По котлините ќе има појава на магла и ниска облачност која во текот на денот ќе слабее.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно и тивко со појава на магла која во средината на денот ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во наредните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура особено на планините. По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата.
Постојната снежна покривка значително ќе се намалува од крајот на работната недела.
Македонија
ОБСЕ ќе помогне за ефикасно враќање на нелегално стекнат имот
Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска имаше средба со делегација на ОБСЕ од Одделението за организираниот транснационален криминал и корупцијата, предводена од проектниот офицер, Мерима Абдиќ, на која беше разговарано за спроведување на проектот за зајакнување на напорите за поврат на имот во регионот на ОБСЕ.
Абдиќ го презентираше проектот и подвлече дека борбата против корупцијата останува приоритет на ОБСЕ, како и на главните поддржувачи на проектот, САД и ЕУ. Таа изрази подготвеност преку проектот да споделат искуства за менаџирањето со запленетиот имот и повторената општествена пренамена на имотот.
Заменик претседателот на Владата, Фетаи информираше за неговата улога како претседавач на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата истакнувајќи го залагањето за брзото донесување на новата стратегија за конфискација на имот, која е во владина процедура.
Посебен акцент беше дадено на поддршката на ОБСЕ на институциите одговорни за примената на стратегијата како и на унапредување и повторена општествена пренамена на средствата стекнати од продажбата на запленетиот имот.
Македонија
Божиновска-Агелер: Силно партнерство со САД, разговори за енергетска иднина
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
Средбата, како дел од континуираниот дијалог меѓу министерството и амбасадата, се фокусираше на зајакнување на соработката во областа на енергетиката, вклучително енергетската транзиција, подобрувањето на енергетската ефикасност и поддршката за обновливи извори на енергија.
Божиновска ја истакна важноста на поддршката од Соединетите Американски Држави во справувањето со енергетските предизвици. Таа потенцираше дека односите меѓу двете земји се градат на цврсти основи на партнерство и меѓусебна доверба.
Амбасадорката Агелер ја потврди заложбата на САД за понатамошно зајакнување на енергетската безбедност и стабилност во регионот, нагласувајќи ја подготвеноста за поддршка на иницијативи кои ќе придонесат за одржлив развој.
Средбата заврши со договор за продолжување на редовната комуникација, со цел реализација на поставените приоритети и дополнително унапредување на билатералната соработка.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на промоција на проекти кои ќе ја забрзаат енергетската транзиција и ќе обезбедат долгорочна стабилност за граѓаните и економијата, соопштија од таму.