Македонија
Харун Алиу, осуден на доживотен затвор, бил водач на шверцерската група
Харун Алиу (39) од скопската населба Сингелиќ , еден од лицата кои загинаа во престрелката кај Радуша бил водач на шверцерската група. Откако МВР доби потврда за идентитетот на тројцата македонски државјани кои загинаа во престрелката ги истакна нивните криминални досиеја.
Харун Алиу (39) од скопската населба Сингелиќ , еден од лицата кои загинаа во престрелката кај Радуша бил водач на шверцерската група. Откако МВР доби потврда за идентитетот на тројцата македонски државјани кои загинаа во престрелката ги истакна нивните криминални досиеја.
За четвртиот од загинатите се уште чекаат потврда од косовските власти. Ако се потврди неговиот идентитет од личните документи, тогаш тројца од четворицата загинати се барале со меѓународна потерница.
Алиу, во отсуство беше осуден на доживотен затвор за убиството на специјалецот Зоран Марковски, што се случи кај бензинската пумпа во Автокоманда, во јануари 2008 година.
МВР го бара со меѓународна потерница издадена од декември 2008 година. Судот го осуди на доживотна казна затвор за убиство на свиреп начин и злосторничко здружување.
Шабан Зенуни (36) од тетовското село Мерово е еден од обвинетите во хашкиот случај „Мавровски работници“. Од септември 2008 година се бара со меѓународна потерница.
Во групата ликвидирани се наоѓал и косовскиот државјанин Џафер Шаља (31) од Приштина, кој што се барал со меѓународна потерница и во Македонија бил осуден на девет години затвор.
Шаља, за чиј идентитет се уште нема потврда, бил во групата на Лирим Јакупи Нацист во 2004-та која го контролираше Кондово. Подоцна во стан во Тетово заедно со Нацист беше опколен од полицијата но успеа да избега по престрелката. За двете дела е осуден на 9 години затвор во отсуство.
Последниот загинат е Кемал Фејзула од селото Грчец.
Од МВР не потврдуваат никакви понатамошни активности во врска со вчерашната акција, иако утрово беше забележителна поголема активност на полициски хеликоптери. Не соопштуваат ни дали има приведени, иако неофицијално се дознава дека има двајца приведени за престрелката кај Радуша.
„МВР продолжува да работи на случајот интензивно, се преземаат сите неопходни мерки за утврдување на евентуална инволвираност и на други лица кои што соработувале со групата, така што во оној момент доколку се утврди идентитет и на други инволвирани и доколку бидат обезбедени соодветни докази, навремено ќе биде информирана јавноста“ вели портпаролот на МВР, Иво Котевски.
Тој не потврдува поврзаност на двата инциденти во Радуша и Блаце, но и не исклучува таква поврзаност.
„Засега нема индиции за поврзаност на оваа група со оружјето кое беше складирано и групата која што го обезбедуваше кај Блаце, но како што кажав се уште се работи на расчистување на сите детали околу случајот така што во моментов не можеме да потврдиме некаква поврзаност, но исто така не можеме ни да исклучиме некаква поврзаност“ додаде Котевски.
Полициските сили, ноќта меѓу вторникот и средата, се судрија со шверцерска криминална група во реонот на селата Радуша, Рашче и Свиларе, која нелегално сакала да пренесе оружје во Македонија. Во моментот кога полицајците го запреле комбето на шверцерите, тие отвориле оган кон полицијата, при што било возвратено.
Во престрелката загинаа четворицата членови на шверцерската банда. Во комбето беше пронајдено оружје, меѓу кое имаше и старо од југословенско потекло, но и современо.
На 29 минатиот месец полицијата се судри со 12 члена криминална група, која чуваше неколку бункери со оружје кај Блаце. Тогаш имаше само еден повреден од групата, која успеа да пребега на Косово. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До 15 февруари трае трката за „Млад инженер на годината“: повик до младите таленти до 35 години да се пријават
Инженерската институција на Македонија информира дека повикот за пријавување на инженери за избор за наградата Млад инженер на годината трае до 15.02.2026 година (недела). На овој повик може да се пријават сите млади инженери до 35 години (вклучувајќи и 35 години) на следниот ЛИНК.
Како што потврдуваат од ИМИ, освен возраста, новиот Млад инженер ќе се избира согласно постигнатите инженерски резултати во 2025 година, лидерството и инспирацијата за младите; креативноста и иновативноста; споделувањето знаење, ангажирањето во заедницата и општествено и етичкото влијание на околината.
Свеченото прогласување на новиот млад инженер ќе се одржи на 31.03.2026 година во Холидеј ин. Повод за доделување на признанието е 21 март – Денот на македонските инженери. Целта на оваа иницијатива е да се промовираат младите инженери на национално и меѓународно ниво што ќе придонесе младите луѓе да се насочуваат кон инженерска професија.
Новиот Млад инженер ќе учествува на Европската конференција на млади инженери. Согласно правилата, од сите пријавени кандидати, во потесна селекција ќе бидат избрани 5 лица за кои гласа Комисија на ИМИ и од нив се избира победникот.
Минатата година со ова Признание се закити Филип Попоски од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Партнер на настанот е Друштвото за комуникациски менаџмент Чептер 4.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.

