Македонија
Јанкуловска: Испративме порака дека нема да толерираме ниту едно насилство
Министерката за внатрешни работи на Република Македонија, Гордана Јанкуловска синоќа во Дебар, коментирајќи ја моменталната ситуација изјави дека Македонија испрати доволно јасна порака дека ниту едно насилство нема да се толерира.
Министерката за внатрешни работи на Република Македонија, Гордана Јанкуловска синоќа во Дебар, коментирајќи ја моменталната ситуација изјави дека Македонија испрати доволно јасна порака дека ниту едно насилство нема да се толерира.
Јанкуловска говорејќи на Трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Дебар додаде дека полицијата знае кога и како да реагира и нема да размислува дали да ги употреби сите средства кога е загрозена безбедноста на граѓаните и безбедноста на Република Македонија.
Министерката Јанкуловска истакна дека полицијата си ја знае работата и дека таа ја има целосната контрола над случувањата во земјава.
Проблемите со безбедноста кои пред неколку години беа присутни и во Дебар, Јанкуловска ги оцени како минато и подвлече дека македонските безбедносни сили се сили кои посакува да ги има секоја држава.
„Полицијата покрај бројните успеси во сферата на криминалот, корупцијата и во однос на пресметките со недозволена трговија има мошне добри резултати. Таа заплени околу еден тон дрога минатата година и на тој план Македонија е една од најстарите држави во Европа во однос на спречувањето на шверцот со дрога“, рече министерката Јанкуловска./крај/мн/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

