Македонија
СЕНСЕ: Голем интерес за конечната одлука за случајот Тарчуловски
Околу 120 македонски новинари, членови на семејството, функционери и поддржувачи в среда ќе присуствуваат на сослушувањето во судот во Хаг, кога ќе биде соопштена конечната одлука по жалбата на одбраната на Јохан Тарчуловски, објави агенцијата СЕНСЕ.
Околу 120 македонски новинари, членови на семејството, функционери и поддржувачи в среда ќе присуствуваат на сослушувањето во судот во Хаг, кога ќе биде соопштена конечната одлука по жалбата на одбраната на Јохан Тарчуловски, објави агенцијата СЕНСЕ. Како што пренесува агенцијата, судот ќе ја соопшти одлуката на Апелационата Комора во однос на жалбата за 12-годишната затворска казна за Тарчуловски кој беше осуден за настаните во Љуботен на 12-ти август 2001 година. Според СЕНСЕ, ова е незапаметен интерес за присуство на сослушување на Трибуналот. Сметаат дека просторот за публиката ќе биде претесен да ги прими сите заинтересирани. На 19 мај судот ќе ја соопшти и конечната одлука во однос на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, кој во 2008-ма година беше ослободен од обвинувањата поврзани со случувањата во Љуботен. Од агенцијата немаат информација дали Бошковски в среда ќе биде присутен во Хаг. Агенцијата СЕНСЕ постои од 1998 година и известува за прашања поврзани со работата на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија. /крај/sense/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

