Македонија
Именувани директори на пет клиники

Министерството за здравство именуваше директори, доктор и економист, во пет клиники. За директор доктор на Клиниката за пулмологија е именувана Бисерка Јовковска – Ќаева и Билјана Николоска.
Министерството за здравство именуваше директори, доктор и економист, во пет клиники. За директор доктор на Клиниката за пулмологија е именувана Бисерка Јовковска – Ќаева и Билјана Николоска.
Доктор Смиља Туџарова – Ѓоргова и Драган Филиповски ќе раководат со Клиниката за пластична хирургија.
Професорот д-р Надица Митрева и Гоце Велјановски ќе управуваат со Клиниката за радиологија, а доктор Симонида Црвенкова и Анета Костовска со Клиниката за радиотерапија и онкологија.
Професор д-р Звонко Миленковиќ и Никола Ташев ќе бидат на чело на Клиниката за инфективни болести. Именуваните доктори досега беа вршители на должност, а економските директори се новопоставени. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Голем пожар во фабрика во Велес

Синоќа избувна голем пожар во фабриката за храна „Мирана“, лоцирана во индустрискиот блок на Велес, потврдија надлежните.
На барање на Територијалната противпожарна единица Велес, привремено беше исклучена електричната енергија во фабриката.
„Во Велес, кај индустрискиот блок, опожарена е фабриката ‘Мирана’. По барање на ТППЕ Велес, исклучена е струјата во фабриката. Единиците за гаснење на пожарот се на терен“, информираше директорот на ЦУК, Мухамед Али.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информираше доцна синоќа дека нема информации за повредени лица при пожарот.
Причините за избувнувањето сè уште не се познати.
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневната температура.
Македонија
По врнежите од дожд и силните ветрови кои зафатија делови од државата, нема пријавени штети, соопшти ЦУК

По врнежите од дожд и силните ветрови кои зафатија делови од државата, до овој момент до Центарот за управување со кризи не се пријавени материјални штети или повредени лица, информираат од таму.
„Директорот на ЦУК, Мухамед Али, заедно со вработените од Оперативниот сектор и Дежурната служба, внимателно ја следи состојбата на терен.
Центарот за управување со кризи останува во постојана готовност и продолжува со координирани активности за обезбедување брза и ефективна институционална реакција при евентуални потреби“.