Македонија
Конференција за безбедност меѓу Македонија и Германија

Циклусот конференции насловен како “Охридски разговори“ во рамките на воспоставената повеќегодишна соработка меѓу Македонија и Германија, односно сојузната германска покраина Брандернбург почнува денеска во Охрид.
Циклусот конференции насловен како “Охридски разговори“ во рамките на воспоставената повеќегодишна соработка меѓу Македонија и Германија, односно сојузната германска покраина Брандернбург почнува денеска во Охрид. На конференцијата на која ќе учествуваат министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и министерот за внатрешни работи на Брандернбург, Рајнер Шпер, експертите од двете министерства ќе презентираат искуства од повеќе области на безбедносната проблематика, почнувајќи од безбедносните истражувања, потоа делот на меѓународниот тероризам, со посебен акцент на исламскиот тероризам, за илегалната миграција и трговијата со луѓе, за заштита од пожари и катастрофи, безбедноста на аеродромите и друго. Конференцијата ќе започне со воведните обраќања на министрите Јанкулоска и Шпер. Првата тема на разговор е посветена на безбедносните истражувања а ќе биде презентирана и втората тема посветена на борба против тероризмот, исламски тероризам – актуелни напори за регрутирање и полициско добивање на сознанија, следење на потенцијални терористи (загрозувачи, учесници во терористички кампови, релевантни лица) терористичка пропаганда, особено на интернет, надополнета со дискусии на експертите од двете министерства./крај/со/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Осомничен за трговија со дрога ја искинал наредбата за претрес во неговиот дом

Oбвинителството поведе истрага против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Тој е осомничен и за одземање или уништување службен печат или спис.
Осомничениот, во својот дом во Гевгелија, неовластено заради продажба држел 26,42 грама наркотична дрога кокаин. Дрогата и повеќе други предмети со траги од кокаин биле пронајдени на 1 август, при претрес во неговата јакна закачена во ходникот од семејната куќа.
При претресот, полициските службеници на осомничениот му ја предале и прочитале издадената наредба за претрес од судијата на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија. Наредбата примена во МВР и со службен печат на МВР, тој ја зел и ја искинал пред службените лица и на тој начин оштетил спис кој припаѓа на државен орган, односно наредба издадена од Основен суд Гевгелија и примена од МВР ОВР Гевгелија.
Бидејќи постојат законски основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Македонија
Цела ноќ борба со огнот во велешката фабрика – изгореа магацин со фрижидери и канцеларии со документи

Пожарот што синоќа избувна во фабриката за прехранбени производи „Мирана“ во Велес бил целосно локализиран рано утрово, околу 4 часот. Според информациите од надлежните, огнот зафатил магацински простор и канцеларии, а на неколку места сè уште се забележува слабо чадење.
Пожарот бил пријавен околу 22 часот. Горел магацин каде што имало пластична амбалажа, фрижидери и друг материјал, како и канцелариски простории со документација.
Во гаснењето учествувале три противпожарни возила од ТППЕ Велес со екипи од три смени, возило од ЈКП „Дервен“, како и две специјални возила на Дирекцијата за заштита и спасување. На терен биле и шестмина полициски службеници од Велес.
Иако пожарот е ставен под контрола, службите сè уште се на терен за да спречат повторно разгорување, со оглед дека на одредени локации сè уште се јавуваат чадења.
Причините за избувнувањето на пожарот сè уште се испитуваат.
Македонија
Голем пожар во фабрика во Велес

Синоќа избувна голем пожар во фабриката за храна „Мирана“, лоцирана во индустрискиот блок на Велес, потврдија надлежните.
На барање на Територијалната противпожарна единица Велес, привремено беше исклучена електричната енергија во фабриката.
„Во Велес, кај индустрискиот блок, опожарена е фабриката ‘Мирана’. По барање на ТППЕ Велес, исклучена е струјата во фабриката. Единиците за гаснење на пожарот се на терен“, информираше директорот на ЦУК, Мухамед Али.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информираше доцна синоќа дека нема информации за повредени лица при пожарот.
Причините за избувнувањето сè уште не се познати.