Македонија
Промовиран Адресар на општините во Република Македонија
Македонскиот центар за меѓународна соработка и Заедницата на единиците на локалната самоуправа-ЗЕЛС денеска во Скопје го промовираа новиот Адресар на општините во Република Македонија.
Македонскиот центар за меѓународна соработка и Заедницата на единиците на локалната самоуправа-ЗЕЛС денеска во Скопје го промовираа новиот Адресар на општините во Република Македонија.
Целта на ваквите изданија е да ја подобрат комуникацијата меѓу општините но и комуникацијата на другите актери во јавниот, деловниот граѓанскиот сектор со општините во Македонија.
Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС на денешната прес-конференција истакна дека иако навидум кратки, информациите презентирани во Адресарот овозможуваат добри анализи на општините во Македонија.
„Ова е проект кој што се случува веќе по трет пат. Значењето на овој адресар е големо бидејки преку него сите ќе можат да ги најдат поважните информации за секоја општина поединечно“, рече Перишиќ.
Адресарот, како што додава таа, секогаш е поставен на веб – страната на ЗЕЛС и во него се опфатени биографиите на сите градоначалници, информации за сите телефони, мејлови и факсови на кои можат да се најдат истите тие, членови на советот, информации на сите институции.
Првиот Адресар е издаден во 2002 година, вториот 2006, а веќе следниот се очекува да излезе некаде 2014 година./крај/ир/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

