Македонија
Полицијата има осомничен за пукањето во општина Кисела вода
Полицијата има осомничен за нападот со огнено оружје што се случи изутрината во бараката 10 на општина Кисела Вода, каде се сместени повеќе приватни фирми
Полицијата има осомничен за нападот со огнено оружје што се случи изутрината во бараката 10 на општина Кисела Вода, каде се сместени повеќе приватни фирми.
Три лица, од кои две со огнено оружје и едно со тап предмет беа повредени во нападот што се случил во соба број осум во бараката 10 на општината Кисела Вода.
Во собата, каде што се случил нападот се наоѓа фирмата Латом – инг Скопје, а напаѓачот најверојатно е од фирмата Галатеа, која е сместена на неколку врати од собата 8.
Според првичните сознанија причина за пукањето биле нерасчистени сметки, за кои се водел и судски спор.
Двете лица повредени со огнено оружје биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје.
Оттаму велат дека нивната здравствена состојба е стабилна. Едниот од повредените има рана на левото рамо и наскоро се очекува да биде пуштен на домашно лекување.
Другиот има рана на вратот и моментално кај него се вршат испитувања, но неговата состојба е стабилна.
Третото лице, што било повредено со тврд предмет, не било примено во Ургентниот центар. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

