Македонија
Уапсените од Грчец се товарат за кражба на моторцикл

Двете лица кои беа уапсени во вчерашната полициска акција во скопското село Грчец добија мерка притвор од осум дена, а се товарат за кражба на моторцикл.
Двете лица кои беа уапсени во вчерашната полициска акција во скопското село Грчец добија мерка притвор од осум дена, а се товарат за кражба на моторцикл.
Како што соопшти денеска МВР, кривична пријава заработија Ј.П. -„Јаско“(18), и Ш.И. – „Шаќо“(18), кои според полицијата се познати извршители на имотни деликти.
Тие се сомничат дека на 29 април одзеле моторцикл „Хонда“, сопственост на Р.И. од Скопје, кој го оставил за фарбање во автолимарски сервис на улицата „Социјалистичка зора“ бр.52, по што на сопственикот му побарале 450 евра да му го вратат возилото.
Покрај ова сознание, полицијата има оперативни информации дека покрај предмети кои потекнуваат од кривични дела, можно е пријавените да овозможуваат засолниште на лице кое се бара по потерница.
Инаку, осомничените се познати како сторители на повеќе кривични дела од областа на имотните деликти, за што и им се поднесени 66 кривични пријави, а во тек се мерки и активности за собирање докази и документирање на материјал за кривични дела, за кои ПС од ОН „Ѓорче Петров“ – НК за КР „Карпош“ имаат оперативни сознаија дека ги извршиле пријавените, се вели во соопштението на МВР. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.