Македонија
Меѓународна вежба „Светлина 10“ на армискиот полигон Криволак
Во рамките на меѓународната вежба ,,Светлина 10“, на армискиот полигон (АП) ,,Криволак“ во секторот ,,Мушанци“ денеска ќе се изведе вежбовна целина со сценарио за реакција во услови на земјотрес.
Во рамките на меѓународната вежба ,,Светлина 10“, на армискиот полигон (АП) ,,Криволак“ во секторот ,,Мушанци“ денеска ќе се изведе вежбовна целина со сценарио за реакција во услови на земјотрес.Според сценариото учесниците на ,,Светлина 10“ ќе работат во услови на кризна состојба предизвикана како последица на силен земјотрес во измислената земја Атлантика. Првите проценки од страна на меѓународните хуманитарни организации кои се наоѓаат во Атлантика укажуваат на најмалку 2.000 загинати, 5.000 ранети и 150 исчезнати лица, како и за огромни разурнувања и штети во областа погодена со земјотресот. Заради тешката и сложена состојба, училиштата не работат, болниците работат во крајно тешки услови и со минимален капацитет и се преполни со болни, повредени и изнемоштени лица, а информациите од теренот говорат дека над 25.000 лица останале без својот дом. На ,,Светлина 10“ главен координатор е Секторот за цивилна одбрана во Министерството за одбрана (МО), а покрај студентите од Институтот за одбранбени и мировни студии при Универзитетот ,,Кирил и Методиј“ од Скопје и државните колеџи и универзитети од САД (Воениот колеџ од Њујорк, Цитадела од Јужна Каролина, Државниот колеџ Индијан Ривер од Форт Пирс-Флорида и универзитетите од Оклахома, Мисури и Род Ајленд) ќе учествуваат: припадници од Дирекцијата за заштита и спасување (одделение за претраги од Штип), припадници од единицата за службени кучиња при одделението за посебни единици во централни полициски служби при Бирото за Јавна Безбедност на МВР, припадници на АРМ, локалното население од селата Пепелиште, Криволак и Црвени Брегови, припадници од Воено медицинскиот центар на АРМ, како и припадници на противпожарната единица од општина Неготино. На вежбата во ,,Мушанци“ се очекува да биде демонстрирана практичната примена на стандардни оперативни процедури за реакција во состојби опишани во сценариото на вежбата. /крај/со/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изминатите четири дена уапсени 11 лица за безобзирно управување на возило, 1518 сообраќајни прекршоци
Во периодот од 10 до 13 ноември, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1518 издадени платни налози, 498 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 11 лица, од кои осум за возење под дејство на алкохол, тројца за возење со брзина поголема од дозволената во населено место.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот викенд евидентирани се 942 прекршоци за неправилно паркирање, 290 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 48 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 161 учесник во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 64 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а пет заради техничка неисправност“, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.
Македонија
Утре без вода Гинекологија Чаир и улиците Дижонска и Коста Абрашевиќ
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( сабота ) поради уличен дефект на ул. Дижонска бр. 17, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Дижонска и Коста Абрашевиќ, како и објектот на гинекологија Чаир. ( општина Чаир
Македонија
„Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта на Мицкоски“: СДСМ бара проширување на истрагата
„Корупцискиот скандал со ИПАРД фондовите не е изолиран случај, туку доказ за длабоко вкоренет, организиран систем на злоупотреби создаден и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
„Веќе е јасно дека истрагата мора да оди многу повисоко од фатениот директор со обележани банкноти. Мора да се проверат и политичките врски, кумските релации и влијанијата кои ја контролирале распределбата на европските пари.
Во целата шема се појавуваат имиња од најблискиот круг на премиерот Мицкоски за кои премиерот одбегнува да одговори.

Илија Стоилев, директорот на Агенцијата и функционер на ВМРО-ДПМНЕ е близок соработник на Игор Миќев, познат како Панкерот, кој е во кумска врска со премиерот Христијан Мицкоски.
Дополнително, неговата сопруга, кумата на Мицкоски, била вработена во Агенцијата, каде, според доставените информации од свиркачи, без нејзин потпис не се пуштала ниту една исплата од ИПАРД.

Ова отвора сериозни прашања за кои Мицкоски мора веднаш да одговори:
Дали под истрага се и неговите кумашини Игор и Цветанка Миќеви?
Каква е неговата поврзаност? Дали се барале провизии и дали дел од тие пари завршувале кај него или во партијата?
Колку пари од субвенции се испумпувале преку мито и злоупотреби?
СДСМ бара итно проширување на истрагата, испитување на сите инволвирани лица, вклучително и политичките поврзаности на највисоко ниво, и целосно расчистување на овој најголем скандал во земјоделството.
СДСМ ќе продолжи да ја разобличува корупцијата и да бара одговорност, затоа што европските пари не смеат да завршуваат во приватни и партиски џебови“, соопшти СДСМ.

