Македонија
Политичките структури изритирани од изјавата на премиерот Груевски
Остри реакции од опозицијата и владејачката албанска партија ДУИ следуваа денеска по вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски, велат премиерот го покажал својот лажен патриотизам.
Остри реакции од опозицијата и владејачката албанска партија ДУИ следуваа денеска по вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски, а политичките партии велат дека премиерот го покажал својот лажен патриотизам.
Од ДУИ велат дека 100 отсто од Албанците се за безусловно зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ.
„Два милиони граѓани на државата им го пренеле суверенитет на политичарите и сета власт во историски моменти да носат историски одлуки. Правите патриоти и државници во овој историски момент се докажуваат. ДУИ е подготвена во овие историски моменти да ја носи својата одговорност“, изјави Џеват Адеми од ДУИ.
Од опозициската СДСМ велат дека Груевски наместо на вчерашниот настап да каже како ќе ги решава проблемите, тој според партијата објаснил зошто нема да ги реши.
„И нормално тука му се криви и Брисел и Вашингтон и цела меѓународна заедница и невладините организации и медиумите и се разбира пред се СДСМ и Бранко Црвенковски“, рече Андреј Петров од СДСМ.
Петров рече Груевски да му ги постави вистинските прашања на македонскиот народ дали сака нови работни места, поголеми плати, квалитетно здравство, Македонија да седи на иста маса со Америка во НАТО, со Германија и Франција во ЕУ и да има право на вето.
Сулејман Рушити од Нова демократија рече дека популистичката политика која ја води премиерот Груевски не се совпаѓа со приоритетите на граѓаните.
„За нашите приоритети треба да се дебатира и да се објаснат, а кога ќе ја добиеме поддршката од мнозинството и ќе ги реализираме“, рече Рушити.
Тито Петковски од НСДП изјави дека по изјавата на премиерот Македонија и понатаму е во потрага за државното единство околу клучното прашање.
„Се повикува на два милиони граѓани, а не се консултира ниту со опозицискиот ниту со албанскиот електорат. Тој говори во името на сите, но од позиција на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Петковски.
Од ЛДП сметаат дека граѓаните не треба да очекуваат помош од премиерот, дека сами треба да се борат со тоа што ќе го сменат Груевски од власт.
„Премиерот вчера повика на јавен линч врз секој кој размислува поинаку од него, секој политичар, секој новинар, секој припадник на невладина организација, секој граѓанин на РМ. Не само што се збогувавме од европските пријатели туку и од европската перспектива и полека но сигурно се збогуваме и од демократијата во Македонија“, изјави Андреј Жерновски од ЛДП.
Премиерот Груевски на вчерашното обраќање пред Унијата на младите сили на ВМРО – ДПМНЕ кои прославуваа 20 години од создавањето на партијата рече дека Македонија сака влез во ЕУ и НАТО, но не по секоја цена, туку дека за тоа ќе одлучи народот на референдум./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.
Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење.
При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје.
Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки, соопшти обвинителството.
Македонија
Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството, велат од СДСМ
Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија кој се очекува да биде изгласан наскоро, истакнуваат од СДСМ.
„Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанца во државата.
Дополнително, Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции од ВМРО, Васко Наумовски, со што политичките релации и влијанија се уште еднаш потврдени.
Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството.
Го сменија јавниот обвинител и планираниот избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет. Сега советник на Мицкоски во Уставниот суд“.
Според СДСМ, додека Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат, носат закони за правосудатво кои се спротивни на препораките на ЕУ.
„Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата. Исто како во времето на Никола Груевски.
Следува целосно погребување на правдата и правната држава“.

