Македонија
Македонското новинарство со страшен квантитет, а без квалитет
Новинарството во Македонија бележи страшен квантитет, кој наместо да води до квалитет оди кон девалвација на професијата, полесна манипулација,цензура и се поголемо намалување на професионалните стандарди.
Новинарството во Македонија бележи страшен квантитет, кој наместо да води до квалитет оди кон девалвација на професијата, полесна манипулација,цензура и се поголемо намалување на професионалните стандарди. Ова го заклучија учесниците на дебатата за состојбата со медиумите и нивната улога во општествениот живот: Роберт Поповски, Претседател на Здружението на новинари, Билјана Бејкова, НВО Инфо центар, Борјан Јовановски – А2 Телевизија, Бранко Тричковски, ГЛОБУС Магазин и Петрит Сарачини од МИМ, кои истакнаа дека вината за состојбата во новинарството кое презентира „испеглани и испрани информации кои не треба да предизвикаат никакви полемики во јавноста“ прво треба да се бара кај самите новинари. „Уредништвото во Македонија е пропаднато,“ вели Петрит Сарачини од МИМ. „Уредниците не успеваат да ги заштитат граѓаните од грешките на новинарите, со спремање на новинарите и нивно информирање пред одење на настани бидејќи тоа е нивната работа. За жал повеќето уредници во Македонија станаа само јадачи на бесплатни ручеци и пијачи на кафе по улица Македонија,“ рече тој. Според Роберт Поповски, Претседател на Здружението на новинари, во 2001-та новинарите се тешеле дека ако ништо друго бил избегнат говорот на омраза, што придонело ситуацијата да се реши на побезболен начин, за сега, девет години подоцна да се случуваат јавни линчови на личности. „Имаме луѓе кои се нарекуваат новинари, кои јавно повикуваат на линч на граѓани кои имаат различно мислење од нивното, си дозволуваат да се закануваат по животот на новинарите и ниту една институција во Македонија не презема мерки за да ги казни сторителите,“ рече Поповски и додаде дека неговата генерација, за жал, не препознала дека влегувајќи во дилови со сопствениците, всушност ја поткопува својата фела и професија. „Ситуацијата со медиумите во Македонија е апсурдна, шизофрена и трагична. Ние мораме да се сватиме дека медиумите се дел од граѓанското општество, а не продолжена рака на политичките структури,“ порачува Билјана Бејкова од НВО Инфо центарот. Борјан Јовановски од А2 Телевизија истакна пример од Република Чешка, кога во државната телевизија се обидуваат да стават уредник близок до владеачката гарнитура, новинарите организираат штрајк на кој успеваат да придобијат 100.000 граѓани на своја страна. „Ова што ни се случува на нас како новинари, го заслужуваме и се додека вака се поставуваме кон состојбата, работите ќе бидат такви какви што се,“ кажа Јовановски, додавајќи дека новинарството веројатно е единствена професија во земјата која нема свој синдикат. Поповски и Јовановски потсетија дека реформите во Здружението на новинарите на Македонија се започнати, направени се промени во Статутот на организацијата и во Собранието и начинот на бирање раководството, со што очекуваат истото да привлече и помлади новинари и да придонесе во подобрувањето на квалитетот на новинарската професија во земјата. Дебатата ја организираше Институтот за социјална демократија – Прогрес. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Сопственикот на илегалната дрога, рамо до рамо со Венко Филипче, јасно е кој седи позади дрогата
Со денови ги слушаме СДС и Филипче, во прашална форма како лажно ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за некаков шверц на дрога, па го мешаат Томовски, и кој се уште не, но, еве ја вистината на дело.
Откриваме фрапантен податок и фотографија, која покажува директна инволвираност на Венко Филипче со шверцот на илегалната дрога. Венко и газдата на фабриката со илегалната марихуана – еден до друг, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче на телевизиско интервју, кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на Фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев, а како што гледаме на сликата тие двајца добро се познавале и соработувале.
Венко Филипче и Тони Котев, рамо до рамо еден до друг.
Венко Филипче и СДС, наместо секојдневно да прашуваат и да шират невистини и манипулации, треба да одговорат на вистинското прашање, зошто се толку потресени и толку силно водат кампања за овие заплене на околу 30 тони дрога? Дали во СДС се исплашени затоа што Филипче и Заев се вмешани во трговијата со дрога? Затоа ли Филипче добро знае колку камиони требаат за одредена количина на дрога? Затоа ли во 2023 година го променија правилникот за одгледување на канабис? Колку милиони требале да заработат и на овој криминал“.
Според него, каде има чад, има и оган.
„Каде има криминал и корупција, таму се и Филипче и Заев. Ако порано се велеше дека сите патишта водат кон Рим, денес сите патишта за криминал и корупција, водат кон Филипче и Заев“.
Го повика ЈО, да ја истражи поврзаноста на Филипче и Заев, во случајот со 30-те тони запленети дрога.
Македонија
(Видео) Македонија на чекор до историски трговски договор со САД, рече Стојаноски
Македонија е на чекор до потпишување историски трговски договор со Соединетите Американски Држави, објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека се работи за „историски успех за македонската Влада и дипломатија“.
Како што информира Стојаноски, доцна синоќа Белата куќа објавила Заедничка изјава за реципрочна трговија помеѓу САД и Македонија, со која се најавува рамка за договор со царински тарифи до 15%, а за одредени производи и 0%.
„Се идентификуваат производи коишто ќе добијат до 0% реципрочна тарифа, што значи дека за дел од клучните индустрии и производи царинските тарифи ќе се намалат до нула“, рече Стојаноски.
Според него, ова претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и економската соработка меѓу двете држави. Договорот, како што рече, на македонските компании ќе им обезбеди конкурентска предност, регулаторна сигурност, предвидливост и посилна позиција на американскиот пазар.
„Во овие непредвидливи глобални времиња се зачувани илјадници работни места, а се испраќа и сигнал за политичка и економска стабилност на нашите односи со официјален Вашингтон“, додаде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително, Стојаноски истакна дека документот е доказ за неоснованоста на критиките од СДСМ дека Владата нема надворешен план или визија. Целта на Владата, рече тој, е повеќе извоз, инвестиции и добро платени работни места дома.
Македонија
Левица: Радикално кратење на земјоделските субвенции, десничарската ДПМНЕ покажува дека не и требаат земјоделци
Со усвојувањето на новата програма за унапредување и поддршка на македонскиот аграр од страна на владата, сведоци сме дека оваа таканаречена програма не нуди ни унапредување ни поддршка, а ни развој на домашното земјоделско производство на храна, велат од Левица.
Ова, како што додаваат, е уште една капка која веќе ја прелива чашата на неиздржливост, која радикално десничарската реакционерна партија ДПМНЕ, им ја сервираше на македонските земјоделци во овие неполни две години власт.
„Партијата позната по криминалот и корупцијата, по луксузот кој си го уживаат нејзините функционери платени од парите на работниците, реши да ги скрати земјоделските субвенции за цели 40 милиони евра, од 140 на 100 милиони евра, пари кои сега нема да отидат кај земјоделците туку партијата ќе си ги троши за свои потреби.
И оваа е уште една од вестите за катастрофата што и се случува на нашата земја и домашното производство на храна, после веста дека во 2025 година имаме рекорден увоз на храна од над 1,1 милијарди евра, односно, околу 600 милиони евра трговски дефицит кај храната, пари кои наместо кај домашните земјоделци, завршија кај странските корпорации и трговците блиски до партијата на власт“.
Затоа, за да се спречи пропаста на нашето земјоделско производство и да се заштитат земјоделците кои од чесни производители на храна, оваа влада има намера од нив да направи социјални случаи, апелираме, истакнуваат од Левица, на будност и спремност, на неопходно организирање и преземање на работите и судбината во свои раце.

