Македонија
Донесен првиот закон за инспекциски надзор
Основните начела на инспекцискиот надзор, организацијата на инспекциските служби, правата и должностите на инспекторите и други прашања од оваа област наскоро ќе бидат законски уредени.
Основните начела на инспекцискиот надзор, организацијата на инспекциските служби, правата и должностите на инспекторите и други прашања од оваа област наскоро ќе бидат законски уредени.
За таа цел, во Македонија за прв пат е изготвен Закон за инспекциски надзор кој ќе почне со имплементација од први јануари 2011 година, а кој што денеска беше презентиран пред пошироката јавност.
Ресорниот министер за правда Михајло Маневски укажа дека Законот е донесен во насока на подобрување на бизнис климата.
„Инспекцискиот надзор не треба да се отфрла како нешто туѓо, туку тој треба да биде составен дел на поддршка на стопанските субјекти и да им укаже на одредени неправилности во нивното работење“, изјави Маневски.
Тој рече дека инспекциските надзори треба да имаат пред се превентивна функција.
Стручна поддршка во подготовката на овој Закон даде занаетчиската комора на германскиот град Кобленц.
„ Занаетчиството, како и целокупната економија во една демократска земја има потреба од правна држава и стабилни рамковни услови.Тоа ќе се постигне со овој закон“, рече претседателот на Занаетчиската комора Кобленц Вернер Витлих.
Денеска беше потпишан и меморандум со кој ќе се воспостави соработка помеѓу македонското Министерството за правда, Занаетчиска комора Кобленц со Занаетчиска комора на Р.Македонија,Унијата на германските комори за индустрија и трговија и Македонско- Германското стопанско здружение со цел обезбедување на услови за доследна примена на Законот за инспекциски надзор и изготвување на подзаконските акти предвидени со истиот./крај/ап/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

