Македонија
Директорите не смеат да бидат општински советници
Лицата кои се избрани и вршат функција член на Совет на општина или на Градот Скопје, а истовремено се избрани и наименувани функционери кои вршат раководни функции во јавни служби треба да се откажат од една функција, информираа денеска од Антикорупциска комисија.
Лицата кои се избрани и вршат функција член на Совет на општина или на Градот Скопје, а истовремено се избрани и наименувани функционери кои вршат раководни функции во јавни служби треба да се откажат од една функција, информираа денеска од Антикорупциска комисија.
„Во духот на Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување судир на интереси, да се откажат од една функција која ја вршат бидејќи таквата нивна состојба е спротивна на одредбите што забрануваат вршење на други дејности и ги доведува во состојба на судир на интереси, што исто така е санкционирано со закон“, изјави Зоран Додевски од Државната комисија за спречување на корупција.
Судирот на интереси како што рече Додевски е предворје на корупцијата.
Од Антикорупциска бараат сите чинители во општеството, вклучувајќи ги централните и локалните власти, активно да се вклучат во надминување на ваквите состојби со преземање на конкретни активности кон лицата кои што се наоѓаат во состојба на судир на интереси што поитно да излезат од таквата состојба.
„Органите на централната и локалната власт во иднина, при изборот или наименувањето на функционери, потребно е да воспостават систем кој ќе превенира појава на случаи кога исто лице е избрано или наименувано на две или повеќе функции, што претставува кумулација на функции како појавен облик на судирот на интереси“, рече Додевски.
Од Државната комисија за спречување на корупција информираа дека ќе го интензивираат своето работење во насока на спречувањето на ваквите состојби.
Како пример тие ја посочија директорката на Музејот во Неготино, Маја Митрова која воедно е и советник во општина Неготино.
Митрова веќе има добиено јавна опомена, а доколку не се откаже од функцијата, ќе биде покрената иницијатива за нејзино разрешување.
Истото ќе важи и за останатите функционери, ќе добијат јавно опомена за откажување од функција, во спротивно ќе бидат разрешени.
Меѓу другите вршители на функциите советник и функционер се: Даниела Караѓозова, заменик директор на аеродромски услуги, советник на Град Скопје, Ненад Јоксимовиќ, член на управен одбор на ПИОМ, член на совет на Град Скопје, Панче Стојанов, директор на паркинг, советник во општина Карпош, Виктор Камиловски, директор на Градска болница, член на совет на Општина Карпош, Владимир Здравев директор на МЕПСО, претседавач со советот на Општина Центар.
Претставката за судир на интереси до Антикорупциска комисија ја доставија членовите на СДСМ од Советот на Град Скопје со барање Комисијата навремено да реагира.
„Изборниот законик е многу јасен, предвидува било кое лице кое е именувано од страна на Владата или од било кој друг орган на раководна функција во истиот момент го губи статусот на член на советот. Таквата ситуација треба да ја констатира претседателот на советот и треба да свика седница на која ќе констатира разрешувањето. Наместо тоа да го прават претседателите на советот од ВМРО-ДПМНЕ тие и самите учествуваат во ваков судир на интереси“, вели Софија Куновска од СДСМ член на Советот на Град Скопје./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Подготвени сме за избори кога и да се одржат
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата е подготвена да настапи на парламентарни избори кога и да се одржат – годинава, следната година, па дури и на редовните избори во 2028 година.
Филипче посочи дека работа е на премиерот да каже што мисли, но оцени дека, поради, како што рече, катастрофалното водење на државата, убеден е оти ќе има предвремени парламентарни избори.
Според него, не е важно дали изборите би се одржале на пролет, на есен или кон крајот на годината, бидејќи СДСМ е подготвена за изборен процес во секое време.
Македонија
Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада
Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога општеството ќе биде зрело за тоа.
Филипче истакна дека слободната волја на граѓаните и фер изборите не смеат да бидат предмет на политички пазар, нагласувајќи дека се неопходни суштински реформи по европски стандарди, особено во областа на правосудството.
Според него, дури кога реформските закони ќе бидат донесени, целосно имплементирани и ќе почнат да се применуваат во судството, обвинителството и полицијата, ќе се создадат услови за укинување на техничката влада.
Филипче нагласи дека СДСМ ќе поддржи исклучиво реформи што ја движат државата кон европските стандарди.
„ВМРО и ДУИ нека договараат што сакаат, нивната соработка ни е позната. Ние договор можеме да правиме единствено со граѓаните. Не сме на пазар. Наша обврска е да ја вратиме власта во рацете на граѓаните“, истакна Филипче, додавајќи дека во овој момент не постојат услови за укинување на техничката влада.
Премиерот Христијан Мицкоски по средбата со лидерите на политичките партии изјави дека постигнале согласност за укинувањето на техничката влада.
„Се согласивме за техничката влада дека треба да замине во минатото. Имаше предлог од еден од лидерите да се консултира меѓународниот фактор. Од една страна сакаме да бидеме дел од европското семејство, а од друга страна сакаме да имаме техничка влада. Во ред, еве нека има техничка влада и на наредни избори како што сака СДСМ, но од тие натаму да нема“, рече Мицкоски.
На лидерската средба во Клубот на пратеници присуствуваа и генералниот секретар на ЗНАМ Горан Минчев, лидерот на Вреди Билал Касами, како и лидерите на опозиционите ДУИ и Левица, Али Ахмети и Димитар Апасиев. Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче не присуствуваше.
Македонија
ДУИ за една изборна единица со праг од 5 проценти, за укинувањето на техничката влада предложи консултација со ЕУ и САД
Претседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по лидерската средба изјави дека партијата се залага за една изборна единица со изборен праг од пет проценти и со отворени листи.
Во однос на иницијативата на премиерот Христијан Мицкоски за укинување на техничката, односно Пржинската влада, Ахмети рече дека е потребна дополнителна консултација со Европска унија и Соединети Американски Држави, како коавтори на моделот.
Во врска со измените на Изборниот законик, Ахмети посочи дека ДУИ ги презентирала своите предлози и дека прашањето останува отворено за понатамошни дискусии.
Околу изборот на Народен правобранител, Ахмети изјави дека побарал дополнителни консултации, нагласувајќи дека не бил обезбеден потребниот консензус. За законите за „Сејф сити“, за кои е потребно Бадентерово мнозинство, Ахмети рече дека координаторите на пратеничките групи треба да изнајдат решение.
За останатите прашања, како што наведе, било договорено тој дополнително да се сретне со премиерот Мицкоски.

