Македонија
Словенечката инспекција ја испитува смртта на македонскиот работник

Словенечката трудова инспекција ја испитува смртта на работникот од Македонија, кој почина во саботата во Љубљана, откако не му била укажана лекарска помош
Словенечката трудова инспекција ја испитува смртта на работникот од Македонија, кој почина во саботата во Љубљана, откако не му била укажана лекарска помош.
Инспекциската контрола треба да биде завршена за десетина дена, изјави за агенцијата ста главниот инспектор Борут Брезовар, додавајќи дека ќе бидат преземени соодветни мерки, доколку се констатираат неправилности.
Случајот го испитува и министерството за здравство, кое го разгледа односот на лицето, што го примило работникот, како и протоколот за прием на пациенти.
Министерот за правда на Словенија Алеш Залар рече дека сака приоритет во работата на обвинителството да биде кривично гонење на оние што на работниците не им плаќаат придонеси.
Македонскиот државјанин Ферид С. (48), кој работел во пекара во Словенија, во саботата почина, најверојатно од срцев удар. Тој неколку часови пред смртта, поради остра болка во градите побарал лекарска помош во Здравствен дом во Љубљана, каде му рекле дека нема регулирано здравствено осигурување и дека постои можност прегледот да го плати до 100 евра. Не знаејќи дека итните прегледи за неосигурените лица ги покрива државата, македонскиот државјанин заминал непрегледан, по што починал.
Околностите на смртта ги испитува и словенечката полиција./крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДОМ бара измени на Кривичниот законик: подметнувањето пожар да се третира како обид за убиство

Зелената партија ДОМ остро реагира на денешниот пожар во скопското село Трубарево.
„Очигледно дека не станува збор за изолиран настан – претходно гореа депониите Вардариште и Дрисла. Секој ваков пожар е директна закана по животот и здравјето на луѓето, а институциите остануваат неми и без одговорност“, велат од ДОМ.
Партијата како дел од „Коалицијата за зелена иднина“ порачува дека дојде моментот да се престане со полупразни изјави и симболични реакции на институциите.
„Кога чадот ги труе белите дробови на децата, кога цели населби се задушуваат, тоа не е „општа опасност“ – тоа е обид за убиство. Затоа, ги повикуваме сите пратеници во Собранието – од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ВЛЕН и сите други политички партии – веднаш да се обединат и да подготват итни измени на Кривичниот законик со кои подметнувањето пожар ќе биде јасно утврдено како кривично дело што ќе се третира како обид за убиство“, се додава во соопштението.
Македонија
Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф – Групација“ во Скопје, каде што се складира електронски отпад, е намерно подметнат и претставува хибриден напад врз државата.
Ангелов објасни дека пожарот зафатил два производствени погони во кои имало и пластика. Огнот делумно се проширил и кон уште два соседни објекти каде што е складирана поголема количина на пластичен отпад.
„Пластиката дава густ и црн, а верувам и токсичен чад“, рече Ангелов.
Директорот на ДЗС соопшти дека нема повредени, а побарана е помош од соседните противпожарни единици. Дел од пожарникарите се во црниот чад со заштитни маски.
Рече дека сите ресурси се насочени кон овој пожар, на терен дејствува ер-тракторот, хеликоптерите на МВР и АРМ, хермелин, пожарникари…
Тој нагласи дека пожар од ваков обем не може лесно да се запали и дека не е случаен:
„Ова е хибриден напад врз државата, бидејќи во краток временски период се случија повеќе тешки пожари што предизвикуваат огромно загадување на воздухот во Скопје – Вардариште, Дрисла, депонијата во Шуто Оризари и денес оваа фабрика. Мета сме на хибриден напад, а за мотивите можеме само да погодуваме.“
Ангелов додаде дека Министерството за внатрешни работи работи на откривање на сторителите и упати апел до граѓаните: „Секое сомнително однесување, лица со туби, особено околу вакви објекти, веднаш пријавете ги на бројот 112 или во најблиската полициска станица.“
Македонија
(Видео) Големиот пожар во Трубарево се гасне и со хермелини

Специјализирани возила со хермелини, ер трактор, хеликоптери на МВР и АРМ, екипи на скопската противпожарна бригада го гаснат големиот пожат што избувна во Трубарево во складиштето за електронски отпад.
Видеата во прилог го прикажуваат гаснењето на огнот.