Македонија
Викендов нестабилно време со повремен дожд

До недела времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален дожд и грмежи. На места врнежите ќе имаат пороен карактер, проследени со засилен ветер и електрични празнења.
До недела времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален дожд и грмежи. На места врнежите ќе имаат пороен карактер, проследени со засилен ветер и електрични празнења.
Минималните температури во сабота ќе се движат од 9 до 15, а во недела од 8 до 14 степени. Максималните температури ќе се движат од 18 до 25 во сабота, за недела се очекува малку потопло време со температури од 20 до 27 степени.
УВ факторот во текот на викендот ќе биде меѓу 5 и 6.
Метеоролозите за понеделник најавуваат постепено стабилизирање на времето со максимални температури до 30 степени./крај/ухмр/мт
Макфакс метео тука>>
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).