Македонија
Одбележување на Светскиот ден на животната средина

Светскиот ден на животната средина се одбележува во Македонија со презентации на тема „Вредностите на биолошката разновидност во Македонија и исполнување на обврските за членство во Европската унија“.
Светскиот ден на животната средина се одбележува во Македонија со презентации на тема „Вредностите на биолошката разновидност во Македонија и исполнување на обврските за членство во Европската унија“.
Презентацијата ќе се одржи на Попова Шапка, а настанот ќе го отвори специјалниот претставник на Европската унија во Македонија Ерван Фуере.
Обраќање, како што е најавено, ќе има и постојаниот координатор на Обединетите нации и претставник на УНДП во Македонија Дирдра Бојд, а на настанот ќе присуствува министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи.
По завршувањето на презентациите, предвидено е да се посети локалитетот Јалак, каде што ќе се одржи традиционален пикник./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар
Македонија
Нормализиран сообраќајот кон Граничниот премин Јажинце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека нормализиран е сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци и граничниот премин Јажинце.
Патот беше затворен поради пожар.