Македонија
Македонскиот работник немал осигурување на денот на смртта
Македонскиот работник, кој почина пред една недела во Љубљана, на денот на смртта немал регулирано здравствено осигурување, соопшти словенечкиот Фонд за здравствено осигурување.
Македонскиот работник, кој почина пред една недела во Љубљана, на денот на смртта немал регулирано здравствено осигурување, соопшти словенечкиот Фонд за здравствено осигурување.
Фондот со ова го деманитраше тврдењето на претставникот на Мерлинбау, каде покојниот Ферид Саити бил вработен, кој соопшти дека здравственото осигурување му било платено.
Осигурувањето, според фондот, на Саити било платено до 28 мај, а тој починал следниот ден.
Ферид Саити минатата сабота со болки во градите побарал лекарлска помош во здравствен дом во Љубљана, каде му рекле дека ќе мора да плати од 20 до 100 евра, доколку се покаже дека прегледот не бил итен. Тој заминал од болницата и неколку часови подоцна починал.
Раководството на здравствениот дом, кој не го прегледал Саити, не утврди одговорност кај персоналот за смртта на 48-годишниот македонски државјанин. Според нив целата постапка била во согласност со правилата на службата и правилникот за задолжително здравствено осигурување.
Сепак словенечкиот министер за здравство изрази жалење за смртта на македонскиот државјанин и додаде дека лекарите треба прво да прегледуваат, а потоа да бараат пари.
Истрага за смртта на Саити води и словенечката полиција, како и трудовата инспекција./крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

