Македонија
Македонските државјани од Истанбул ќе пристигнат во Скопје
Тројцата македонски државјани Јасмин Реџепи и Сами Емини од Скопје и Сеад Хасипи од Куманово, кои беа дел од хуманитарниот конвој за Газа денеска нешто пред 13 часот треба да пристигнат на аеродромот во Скопје.
Тројцата македонски државјани Јасмин Реџепи и Сами Емини од Скопје и Сеад Хасипи од Куманово, кои беа дел од хуманитарниот конвој за Газа денеска нешто пред 13 часот треба да пристигнат на аеродромот во Скопје.
Семејствата ќе ги пречекаат на аеродромот, а од Истанбул се очекува да ги испрати конзулот на Македонија во Турција, Зерин Абас. Билетите за Скопје им ги обезбеди хуманитарната организација преку која заминаа во Газа.
Реџепи, Емини и Хасипи во понеделникот беа притворени од страна на израелските власти, откако конвојот со хуманитарна помош за појасот Газа во кој учествуваа, беше нападнат од страна на израелските вооружени сили.
Во меѓународниот хуманитарен се наоѓаа лица од над 50 земји. Нападот во кој што загинаа девет турски цивили ги затегна турско-израелските односи.
Но и покрај меѓународните критики Израел нема намери да попушти и да допушти пробивање на блокадата на појасот Газа.
Израелската војска утрово го пресретна и ирскиот товарен брод „Рејчел Кори“ и се заканија дека ќе упаднат, ако бродот не го пренасочи правецот кон израелското пристаниште Ашдод. Засега хуманитарниот брод одбива и плови кој појасот Газа. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

