Македонија
Избегнат инцидент на протестот на војниците

Околу 100 професионални војници денеска излегоа на протест низ скопските улици, при што за малку ќе дојдеше до физичка пресметка со еден нервозен возач, јави репортерот на Макфакс.
Околу 100 професионални војници денеска излегоа на протест низ скопските улици, при што за малку ќе дојдеше до физичка пресметка со еден нервозен возач, јави репортерот на Макфакс.
Професионалните војници својот протест го започнаа пред владината зграда, по што за кратко време ја блокираа раскрсницата кај Соборниот храм.
Во еден момент, нервозен учесник во сообраќајот излезе од своето возила и упати вулгарни зборови кон професионалните војници, кои му возвратија со иста мерка.
За среќа не дојде до физичка пресметка, по што војниците се упатија кон претставништвото на ЕУ, од каде планираат да продолжат кон американската амбасада, со цел да побараат поддршка од меѓународниот фактор.
Тие бараат да се регулира нивниот статус, да им се исплата заостанатите надоместоци, да им дозволи да ги одржуваат состаноците, за кои тврдат дека имаат забрана и да им дозволат упис на нови членови во синдикалното движење. /крај/фф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар
Македонија
Нормализиран сообраќајот кон Граничниот премин Јажинце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека нормализиран е сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци и граничниот премин Јажинце.
Патот беше затворен поради пожар.