Македонија
Разулавен поштар натепал пет лица кај Виница

Еден разулавен поштар без посериозна причина физички со тупаници и клоци се нафрлил врз група луѓе во виничкото село Истибања, при што повредил пет лица.
Еден разулавен поштар без посериозна причина физички со тупаници и клоци се нафрлил врз група луѓе во виничкото село Истибања, при што повредил пет лица.
Притоа подивениот поштар не гледал дали удира мажи или жени, а не му била ниту важна возраста, поради што најдебелиот крај го извлекла една жена на возраст од близу 60 години, која се здобила со пукнатина на носот.
Жената била згрижена во Медицинскиот центар Кочани, каде што по укажаната помош била пуштена на домашно лекување.
Овој несекојдневен инцидент се случил вчера наутро околу 10 часот во дворот на месната заедница Истибања.
Како што соопшти денеска МВР, Б.П.(1972) од с.Истибања, вработен како поштар во Македонски пошти, физички ги нападнал лицата: П.Т.(1971) од Штип, К.П.(1956) од с.Истибања, С.П.(1951) од с.Истибања, В.П.(1955) од Скопје и Г.С.(1971) од Виница, удирајќи ги со тупаници и клоци во пределот на телата и главите.
Во истрагата било констатирано дека јавниот ред и мир од страна на Б.П. бил нарушен заради влошување на неговата здравствена состојба, поради што е упатен на лекување во Неуропсихијатриска болница во Негорци. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар
Македонија
Нормализиран сообраќајот кон Граничниот премин Јажинце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека нормализиран е сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци и граничниот премин Јажинце.
Патот беше затворен поради пожар.