Македонија
Преспа ќе го враќа сјајот од пред 15 години

Владата ќе и помага на Преспа повторно да го развие туризмот.Од пред една недела започна расчистувањето на крајбрежјето на езерото, се чисти вегетацијата се обновуваат плажите, се враќа сјајот од пред 15тина години кога Преспанското езеро беше една од атракците на Македонија
Владата ќе и помага на Преспа повторно да го развие туризмот.Од пред една недела започна расчистувањето на крајбрежјето на езерото, се чисти вегетацијата се обновуваат плажите, се враќа сјајот од пред 15тина години кога Преспанското езеро беше една од атракците на Македонија како за домашните така и за странските туристи.
„ Нивото на Преспанското езеро е зголемено за околу 2 метра“, вели Министерот за одбрана на Зоран Коњановски. Акцентот на оваа акција ставен на главните плажи, во Претор, Стење, Асамати но и Долно Дупени и Наколец, која жителите ја поздравуваат. Се радуваат на годинашниве дождови и снегови,зошто нивото на Преспанско езеро се враќа.
„ Оваа година можеме да се пофалиме со езерото оти е зголемено безмалку за два метра за 10см до два метра, “, вели Зија Сулејмани претстедател на месната зедница во село Наколец.Дваесетина години вегетацијата ги обраснуваше плажите и патот до нив.
„ На туристички план во Наколец 20-25 години нема ништо, а врбите под кои битолчани ги палеа скарите уште стојат“, вели Зија Сулејмани претседател на месната зедница во село Наколец.
Дека се наѕира надеж за враќање на туристите на Преспански регион, зборува ведрото лице на населението, кое самоиницијативно ја помага армијата за средување на крајбрежјето.
„ Тоа ќе значи и за туризмот и пак да се вратат капачите тука од Скопје и Битола, Наколец некогаш им издаваше соби“, вели Злате Митревски член на црковниот одбор Св.Никола.
Понуда за туристите има тие треба само да дојдат, велат од Наколец.
„ Жалосно сега собите се издаваат на берачите на јаболка сезонски кои доаѓаат, за работниците но ние имаме потенцијал, има што да понудиме.“- вели Зија Сулејмани претседател на месната заедница на село Наколец.
Оваа владина акција го поткрепи развојот на туризмот тука и со инфраструктурни зафати, како канализациона мрежа и преасфалтирање на магистралниот пат, препознавајќи тло поволно за инвестиција./крај/тера/ом
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски на Состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес во Белфаст

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествува на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, што денес се одржува во Белфаст.
Во фокусот на дискусиите беа регионалната соработка, европските перспективи на земјите од Западен Балкан и заедничките безбедносни предизвици.
Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласи потребата од заеднички одговор на современите безбедносни ризици – хибридни и сајбер закани, дезинформации, миграции, нелегално финансирање и организиран криминал, кои дополнително влијаат на безбедноста и стабилноста, поткопувајќи ги институциите и јавната доверба.
На состанокот беше истакнато дека политиката на проширување на Европската унија претставува витална рамка за трансформација на општествата и унапредување на добрососедските односи, демократските стандарди и владеењето на правото. Зaедничко беше констатирано дека постепената интеграција, Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар значајно го приближуваат Западен Балкан до Европската унија и го прават пристапниот процес поопиплив за граѓаните.
Македонија
(Видео) Шукова: Младински хабови, градски ваучер и нова гимназија Скопје станува град на можности за младите

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, ја претстави својата визија за модерен, инклузивен и младински ориентиран главен град кој нуди вистински можности за раст, развој и иднина.
„Мојата визија за Скопје е град што создава можности, особено за младите,“ истакна Шукова. „Како градоначалник, имам јасен план за младински хабови современи урбани простори каде младите добиваат директен пристап до компании, обуки, ментори и финансиска поддршка за нивните идеи.“
Според Шукова, младинските хабови се еден од клучните приоритети во нејзината програма. По примерот на големите европски метрополи, тие ќе бидат места каде младите ќе можат да развиваат свои идеи, да се вмрежуваат со компании и инвеститори и да стекнуваат практични знаења и искуства.
Во рамки на овие центри ќе биде обезбедено:
• поврзување со компании што бараат нов кадар,
• советување за избор на образование и кариера,
• обуки за дигитални вештини, претприемништво и личен развој,
• финансиска и менторска поддршка за млади претприемачи.
„Овие хабови ќе бидат мост меѓу младите и светот на бизнисот. Ќе помогнеме идеите да станат реалност, а талентот успех,“ нагласи Шукова.
За локации на првите младински центри, предвидени се катната гаража „Беко“, како и просториите во Воената кула кај Нова железничка во Аеродром, кои се во сопственост на Град Скопје.
Во делот на социјалните политики, Шукова најави и нова мерка градскиот ваучер „Скопје за сите“, кој ќе овозможи бесплатен јавен превоз, пристап до ЗОО, музеи, библиотеки и културни активности, како и субвенции за паркинг и спорт. Ваучерот е наменет за младите, семејствата со пониски приходи, пензионерите и лицата со попреченост.
„Со ваучерот ‘Скопје за сите’, ќе создадеме град што се грижи, град што е достапен и топол за сите генерации,“ порача таа.
Во сферата на образованието, нејзината програма предвидува реновирање и современо опремување на училиштата, зголемена поддршка за младински проекти за 300%, како и мрежа на младински центри, нова гимназија во Аеродром, дигитализација на наставата и Фонд за стипендии за спортисти и талентирани ученици.
„Со овие мерки, Скопје создава основа за град што ги задржува младите, отвора квалитетни работни места и вложува во знаење и иднина. Верувам дека кога ќе им дадеме можност на младите да успеат овде сите ќе успееме заедно. Ова е наш град. Овде ни е домот,“ порача Каја Шукова.
Македонија
(Видео) „Филипче трча на избори за да го спроведе планот и шемата на Заев со Бугарија, а не за граѓаните“, вели Петрушевски

„Филипче трча на избори за да го спроведе планот и шемата на Заев со Бугарија, а не за граѓаните. Венко Филипче посвети цел предизборен и изборен период на една единствена работа подметнување на Тројанскиот коњ преку таканаречената заедничка Резолуција за да и даде нов бонбона бизнис на Бугарија, кој Заев го договорил“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„А што договорил Заев, тој првин добил куферче, а дал стик со материјали и ветување и шема за преземање на две големи македонски фирми од фирми блиски до поранешен бугарски премиер.
Се што прави Венко Филипче во оваа кампања е во насока на реализација на планот на Заев, односно создавање на услови за некогаш тоа да се случи.
Планот сепак не им оди од рака, затоа што се разоткриени и затоа што СДС на овие избори ќе доживее уште еден историски дебакл како што доживеа и на претходните избори.
Планот и шемата на Заев по која работи Филипче не успева, народот го прочита СДС. Македонија не е и нема да биде нивна паричка за поткусурување“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.