Македонија
Коста го поздрави намалувањето на повредите на човековите права
Воведувањето на легислативата која се однесува на судењето во разумен рок и извршувањето на одлуките на Европскиот суд резултирало со помал број на тешки повреди на човековите права изјави денеска во Скопје претседателот на Европскиот суд за човекови права Жан Пол Коста.
Воведувањето на легислативата која се однесува на судењето во разумен рок и извршувањето на одлуките на Европскиот суд резултирало со помал број на тешки повреди на човековите права изјави денеска во Скопје претседателот на Европскиот суд за човекови права Жан Пол Коста.
„Оваа средба се случува во еден важен момент кога вашата држава е претседавач на Советот на Европа“, рече Коста по средбата со македонскиот министер за правда Михајло Маневски попладнето во Скопје.
„Целта на Европскиот суд за човекови права не е да пронаоѓа поголем број на повреди на човековите права туку да ги заштити човековите права, особено човековите права во рамките на Европа и исто така да се обезбеди една поделена одговорност за почитување на овие права“, рече Жан Пол Коста.
„Од 1998 година до денес граѓаните на Македонија поднеле 2755 жалби до Европскиот суд за човекови права но оттаму било констатирано дека 90 отсто од граѓаните не ги искористиле сите правни средства кои им се на располагање “, рече Маневски.
Во Европскиот суд за човекови права во моментот се наоѓаат 1070 апликации кои што чекаат на одлучување.
„Посетата на Коста е особено значајна бидејќи доаѓа во време кога Македонија прави крупни чекори во поставувањето на реформите во сите области а 2009 година доби позитивен извештај и се надеваме повторно, во 2010 година “, рече Маневски.
Ова е прва посета на еден претседател на Судот за човекови права во Македонија. /крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерството за здравство ги кани на соработка нашите лекари кои работат во странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

