Македонија
Сончево и многу топло време, можен дожд?
Времето во Македонија и денеска ќе биде сончево и многу топло, со максимална температура до 39 степени, најави УХМР, додавајќи дека попладне е можна изолирана појава на нестабилност со дожд и грмежи.
Времето во Македонија и денеска ќе биде сончево и многу топло, со максимална температура до 39 степени, најави УХМР, додавајќи дека попладне е можна изолирана појава на нестабилност со дожд и грмежи.
Метеоролозите прогнозираат дека температурите во Македонија денеска ќе се движат од 32 до 39 степени, а УВ зрачењето ќе биде на високо ниво од 8 степени.
Топлотниот бран што за зафати Македонија ќе се задржи до крајот на наредната недела, а министерството за здравство и институтот за јавно здравје препорачуваат мерки за намалување на ризиците од високите температури.
Се препорачува да се избегнуваат какви било напорни активности за време на најжешкиот период на денот – од доцна наутро до доцна попладне.
Во текот на ваквите топли денови, им се препорачува на граѓаните да останат повеќе во затворени простории, пред се климатизирани (обичните вентилатори не помагаат), а ако немаат, да минат извесен период и во најблискиот климатизиран трговски центар.
Исто така се препорачува внесување големи количества течности, а да се избегнуваат алкохолни и пијалаци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалаци или консумирање на поголеми количини шеќери.
Градот Скопје пак апелираше Скопјани да не палат оган кога ќе одат на Водно, Гази Баба, во Сарај, Треска или во Градскиот парк, поради зголемена опасност од пожар.
Исто така, забрането е да се користи хидрантската мрежа во зеленилото за миење возила, теписи и за разладување – велат од Град Скопје./крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претпладне студено со магла, преку денот променливо облачно
Утрото ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје претпладне студено со појава на магла, преку денот променливо со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Времето во наредните денови
Ќе преовладува променливо облачно време со појава на утринска магла понекаде во котлините. Утринските температури ќе бидат претежно околу нулата, а дневните во делови од земјата ќе надминуваат 10 степени. Локални врнежи од дожд, а на планините од снег ќе има во вторник, а потоа се очекуваат и на крајот од неделата.
Македонија
Магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 30 до 50 метри Прилеп и Македонски Брод, 50 до 70 метри Струмица и Берово и на патниот правец Тетово – село Гајре, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сарај
ЕВН Македонија извести дека на 20.01.2024 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:
– од 09:00 до 15:00 часот корисниците од Лисец, објектите во близина на игралиштето, по должина на улицата. (опш.Аеродром)
-од 09:00 до 15:00 часот корисниците од с.Буковоќ, с.Ласкарци, с.Раовиќ, .с.Паничари (опш.Сарај)