Македонија
Вработен во МВР доби отказ поради кражба

Вработен во МВР доби отказ поради кражба, а на 16 лица им е изречена мерка парична казна или опомена, поради пречекорување на службените овластувања, соопштуваат од МВР.
Вработен во МВР доби отказ поради кражба, а на 16 лица им е изречена мерка парична казна или опомена, поради пречекорување на службените овластувања, соопштуваат од МВР.
Полицискиот службеник В.Ц кој работел во единицата за брзо распоредување, изречена му е мерка отказ поради што извршил кражба.
Во текот на изминатите две недели од МВР информираат дека се донесени 19 решенија, против 19 вработени поради сторени повреди во работењето по различни основи.
Како причини поради кои 16 вработени се казнети парично се наведуваат: спиење на работно место, консумирање на алкохол, одбивање на работни обврски, дрско однесување со претпоставените и нарушување на јавниот ред и мир.
Двајца вработени се писмено опоменати за нарушување на одредби од колективните договори./крај/со/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ИЈЗ: Нема радиоактивни отстапувања по пожарот во Трубарево, граѓаните да ги почитуваат препораките

По пожарот во Трубарево, каде што гореше складиште за електронски отпад, директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, изјави дека ова е ситуација со која државата за првпат се соочува и повика таа да не се политизира и да не се создава паника.
Андоновска нагласи дека сите институции работат во рамките на своите надлежности и се координираат меѓусебно. Таа истакна дека Институтот издал општи препораки во согласност со меѓународните стандарди и дека нивното почитување, особено од страна на ранливите групи, може да помогне да нема здравствени последици.
„Како Институт сме обврзани да вршиме мониторинг на радијацијата и располагаме со современа опрема. Имаме 12 мерни станици кои во секунда покажуваат дали има отстапувања. Во моментов нема никакви отстапувања што се однесува до радиоактивност во воздухот“, изјави Андоновска.
Таа додаде дека ќе се вршат проверки и на почвата и водата, како и на алтернативните извори на вода што ги користат граѓаните. Појасни дека мерењето на квалитетот на воздухот не е во рамки на ИЈЗ, туку тие се задолжени за радиоактивност во воздухот и физички и хемиски својства во почвата и водата, а во тој дел нема отстапувања.
Апелира граѓаните внимателно да ги следат веќе дадените препораки.
Македонија
На Клиника задржана жителка на Трубарево, лекарска помош побарале и директорот на ЦУК, војник и полицаец

Во моментот на Клиниката за токсикологија е хоспитализирана една жителка на Трубарево, која живее во непосредна близина на магацинот за електронски отпад каде избувна пожарот. Министерот за здравство, Азир Алиу, информира дека таа е задржана поради симптоми на вртоглавица и кашлица, но е надвор од животна опасност и се очекува наскоро да биде пуштена на домашно лекување.
Според Алиу, останатите три лица кои побарале лекарска помош – припадник на Армијата, директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али и еден полициски службеник – веќе се пуштени на домашно лекување.
Министерот истакна дека Министерството за здравство уште вчера формирало кризен штаб кој ја следи состојбата, а Институтот за јавно здравје изготвил препораки кои и денеска остануваат во сила.
Алиу апелираше сите граѓани кои чувствуваат симптоми како вртоглавица или кашлица да побараат лекарска помош.
Македонија
Анализа на вода, ограничување на ученици и мерење на загадувањето – Министерството за животна средина по пожарот во Трубарево

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата и Државниот инспекторат за животна средина, ја информира јавноста дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните поради пожарот што настана во магацинот за електронски отпад во Трубарево.
Согласно препораките од Државниот инспекторат за животна средина, се преземаат следните активности:
• До Институтот за јавно здравје е доставено барање за извршување на анализа на вода од бунари што ги користат домаќинствата во непосредна близина на опожарениот магацин;
• Министерството за животна средина и просторно планирање издаде забрана за пристап и движење на локацијата на пожарот;
• Во наредните 7 дена, акредитирана лабораторија ќе врши 24/7 мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух;
• До Основното општинско училиште „Крум Тошев“ во Трубарево е испратена препорака за ограничување на движењето на учениците на отворен простор сè до стабилизирање на состојбата.
Апелираме до граѓаните внимателно да ги следат официјалните соопштенија и да ги почитуваат насоките од надлежните институции со цел заштита на сопственото здравје и здравјето на нивните најблиски.