Македонија
ЕСИ: Предлогот би се реализирал кога Македонија ќе стане членка на ЕУ
Главната поента на предлогот што го даде Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ) за разрешување на македонско-грчкиот спор околу името е што тој би се ефектуирал кога Македонија би станала членка на Европската унија.
Главната поента на предлогот што го даде Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ) за разрешување на македонско-грчкиот спор околу името е што тој би се ефектуирал кога Македонија би станала членка на Европската унија. Аналитичарот на ЕСИ, Александра Стиглмаер за Макфакс изјави дека ваквото решение би и олеснило на Македонија да постигне прифатливо решение за името.„Во овој момент Грција вели дека ако Македонија се согласи со промена на името таа ќе се откаже од блокадите во НАТО и нема да ги блокира преговорите за членство во Европската унија. Но, Македонија нема гаранции дека преговорите ќе бидат успешни, затоа нудиме решение за името кое ќе стапи на сила кога Македонија ќе стане членка на ЕУ“, изјави за Макфакс Стиглмаер. Таа го нарече актуелниов момент круцијален додавајќи дека ако прашањето за името се реши и ако Македонија ги почне преговорите за членство со ЕУ тоа ќе прати силен сигнал до регионот дека билатералните прашања можат да се решаваат. На прашањето какви се шансите Скопје да го разгледува сериозно овој предлог со оглед на тоа што македонската влада се противи на промена на Уставот, Стиглмаер рече дека не знае колкави се шансите, но изрази надеж дека двете страни ќе најдат решение. „Двете страни сфаќаат дека конфликтот може никогаш да не се реши. За Македонија е тешко бидејќи ако не се реши прашањето за името, земјата нема да стане членка на ЕУ, а за Грција е тешко бидејќи го поддржува проширувањето на ЕУ и е заинтересирана за стабилноста на Македонија“, рече Стиглмаер. Прашана дали ова не значи дека меѓународниот притисок е насочен само кон Македонија, а не и кон Грција, таа одговори дека со овој предлог се бара од Грција да направи голем чекор напред, бидејќи предлогот за надминување на спорот што го нуди ЕСИ, значи дека промената на името ќе се случи кога Македонија ќе стане полноправна членка на Унијата. Инаку, ЕСИ предлага надминување на спорот за името преку промена на Уставот во Скопје, со која се менува името на државата денес и и се овозможува на Атина да го поддржи почетокот на пристапни преговори кон крајот на годината.„Уставната промена би била едноставна: еден параграф, кој ќе вели нешто налик на:„Сите референци кон Република Македонија во овој Устав ќе бидат заменети со референци кон XX (компромисното име, како на пример Република Македонија – Вардар) на денот кога оваа земја ќе и се приклучи на Европската унија“. Ако од некоја причина Скопје никогаш не и се приклучи на Унијата, земјата никогаш нема да си го промени името. Ако идните влади на Грција (или некои други соседи) пронајдат нови причини да ја блокираат земјата подоцна (постојат не помалку од 70 точки каде што може да се стави вето и кои се обврзни пред кандидатката да му се приклучи на ЕУ клубот, каде што и едногласноста е обврзна, во тој случај името повторно останува непроменето. Од друга страна, уставната промена ќе гарантира дека еднаш штом Македонија стане членка, промената ќе стапи во сила веднаш и автоматски. Тоа исто така може да се напише и во договорот за прием на земјата“, стои во предлогот на ЕСИ за компромисно решение на спорот со името меѓу Македонија и Грција. /крај/мд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

