Македонија
Власта оптимист, опозицијата го куди Груевски по Брисел
Во Собранието пратениците на власта и опозицијата со различни оцени на вчерашната посета на премиерот Никола Груевски на Брисел и неговите разговори со еврокомесарот за проширување Штефан Филе и особено со грчкиот премиер Јоргос Папандреу.
Во Собранието пратениците на власта и опозицијата со различни оцени на вчерашната посета на премиерот Никола Груевски на Брисел и неговите разговори со еврокомесарот за проширување Штефан Филе и особено со грчкиот премиер Јоргос Папандреу.„Ние треба да бидеме оптимисти затоа што имаме лобисти во ЕУ и верувам дека ќе се најде решение затоа што сите во Европа ја гледаат Македонија таму“, изјави пратеникот Сафет Незири од владејачката Демократска унија за интеграција.Според коалициониот партнер во владата на ВМРО-ДПМНЕ, добро е што премиерите на Македонија и на Грција имаат директни средби на кои разговараат за изнаоѓање соодветно решение прифатливо и за двете држави, Според Незири, оптимистичките најави на некои европски дипломати дека може да се најде решение за името во скоро време, се оправдани и покажуваат дека не треба да се губи надеж.„Изјавата на Друцас е еднострана информација и верувам дека кога премиерот Груевски ќе биде подготвен и ќе оцени дека треба да даде информација, тоа и ќе го стори“. Незири смета дека тоа што се случуваше деновиве во Брисел нема да влијае врз односите во коалицијата а дека решавањето на проблемот влијаат повисоки фактори отколку што се меѓупартиските односи во коалицијата.ЛДП смета дека не допустливо е премиерот Никола Груевски да не даде никаква информација за тоа што се разговарало во Брисел со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, рече Роза Топузова Кареска ,„За жал, ние дознаваме од медиумите од Грција, но тоа што се случи овојпат не претставува ништо ново “, доде пратеничката Топузова Кареска. Таа смета дека однесувањето на премиерот Никола Груевски по последниот престој во Брисел е „скандалозно“. Крајно време е премиерот Груевски да излезе до уверливо образложение за прашањето што ги поставува опозицијата но и да им даде одговор на оние што го поддржуваат – за што точно преговара со грчкиот колега Папандреу за едно од најважните прашање за Републичка Македонија, смета Горан Мисовски од опозициската НСДП.„Стана практика за едно од најважните праша за Република Македонија за која според последните информации кои пристигнуваат од Брисел не е на добар пат за постигнување компромисно решение да дознаваме од грчките медиуми“, вели МисовскиСпоред него, Груевски ни случајно не смеел да побегне од македонските медиуми и да дозволи алтернативниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас преку македонските медиуми да ни ја прати пораката што за Македонија значи постигнување договор со Атина. Опозициската НСДСП го обвинува премиерот Груевски дека „води соло политика по прашањето за името и дека на македонскиот народ му се потребни повеќе информации за овие разговори“. Нова демократија на Имер Селмани смета дека и покрај позитивната волја на европските институции за зачленување на Македонија во Европската Унија, се соочуваме со недостиг од политичка волја од македонската страна. Вчерашните случувања во Брисел, пратеничката на оваа опозициска партија Фљора Кадриу ги оцени како потврда дека без решени за името Македонија нема да биде примена во Европската Унија.„Како што одминува времето и како што се однесува Македонската влада, го губиме чекорот со новиот европски концепт со кој секоја држава од регионот се оценува според индивидуално постигнатите резултати.“, рече Кадриу Според неа, не само за решението на спорот со Грција за името, Република Македонија треба да ги исполни и другите критериуми што ги потенцираше и еврокомесарот Филе, за судството и јавната администрација но и критериумот на политички дијалог.Вчерашната средба на премиерите Груевски и Папандреу, Кадриу ја оцени како „продолжение од епизодите од фотографирањето на двајцата премиери“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До 15 февруари трае трката за „Млад инженер на годината“: повик до младите таленти до 35 години да се пријават
Инженерската институција на Македонија информира дека повикот за пријавување на инженери за избор за наградата Млад инженер на годината трае до 15.02.2026 година (недела). На овој повик може да се пријават сите млади инженери до 35 години (вклучувајќи и 35 години) на следниот ЛИНК.
Како што потврдуваат од ИМИ, освен возраста, новиот Млад инженер ќе се избира согласно постигнатите инженерски резултати во 2025 година, лидерството и инспирацијата за младите; креативноста и иновативноста; споделувањето знаење, ангажирањето во заедницата и општествено и етичкото влијание на околината.
Свеченото прогласување на новиот млад инженер ќе се одржи на 31.03.2026 година во Холидеј ин. Повод за доделување на признанието е 21 март – Денот на македонските инженери. Целта на оваа иницијатива е да се промовираат младите инженери на национално и меѓународно ниво што ќе придонесе младите луѓе да се насочуваат кон инженерска професија.
Новиот Млад инженер ќе учествува на Европската конференција на млади инженери. Согласно правилата, од сите пријавени кандидати, во потесна селекција ќе бидат избрани 5 лица за кои гласа Комисија на ИМИ и од нив се избира победникот.
Минатата година со ова Признание се закити Филип Попоски од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Партнер на настанот е Друштвото за комуникациски менаџмент Чептер 4.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.

