Македонија
„Денот на езерото“ и „Лето 2010“ се слават во Охрид

Забава, храна, велосипедски маратон- се дел од содржините од годинешното заедничко одбележување на „Денот на Езерото“ и манифестацијата “Лето 2010” кое се одржува денеска во Охрид.
Забава, храна, велосипедски маратон- се дел од содржините од годинешното заедничко одбележување на „Денот на Езерото“ и манифестацијата “Лето 2010” кое се одржува денеска во Охрид.
Традиционалната манифестација „Денот на Езерото“, трите крај езерски градови Охрид, Струга и Поградец секоја година ја обележуваат на 21 јуни, со цел да ја искажат заедничката грижа за заштита на Охридското Езеро. Годинава, освен градоначалниците од Охрид и Поградец, на прославата ќе учествува и Градоначалникот на општина Дебарца.
Намерата на Локалната самоуправа е преку бројните содржини да се збогати понудата пред гостите и туристите, соопшти охридската самоуправа.
Манифестацијата „Лето 2010“ годинава ќе се одржи по втор пат и со неа се одбележува почетокот на летната туристичка сезона, а сите чинители на развојот на туристичката понуда во Охрид ќе имаат можност, на штандови, да ги презентираат своите производи и услуги пред гостите.
Во рамки на одбележувањето на Денот на езерото, ќе се одржи и Рекреативен велосипедски маратон околу езерото. По пристигнувањето на учесниците на градскиот плоштад, ќе следи обраќањето на тројцата градоначалници и богата културно- уметничка програма.
Општина Охрид е организатор и покровител на двете манифестации. /крај/охридњус/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.