Македонија
Доделени становите на младите брачни двојки и самохраните родители
За 41 стан, кој Министерството за транспорт и врски ги продава за млади брачни парови и самохрани родители, аплицираа вкупно 244 лица, односно за секој стан аплицирале по 6 апликанти.
За 41 стан, кој Министерството за транспорт и врски ги продава за млади брачни парови и самохрани родители, аплицираа вкупно 244 лица, односно за секој стан аплицирале по 6 апликанти.
Денеска по електронски пат беа распределени становите во Реонскиот центар Аеродром кои според објавениот оглас на Министерството, две третини од становите, односно 28 станови се наменети за продажба на млади брачни парови, а останатите или 13 стана се предвидени за самохрани родители.
Министерот Миле Јанакиевски на денешното доделување на становите по електронски пат истакна дека ваквиот начин на распределба на ограничени ресурси претставува една од суштинските мерки за борба против корупцијата. „На овој начин сакавме да го направиме потранспарентен процесот на дистрибуција и да го елиминираме човечкиот фактор, како начин да се намалат можностите за коруптивно дејствие. Компјутерот не признава ниту партиска припадност ни роднинска припадност, ниту прима подарок. Мислам дека ова е најефикасен начин за распределба на становите“, истакна Јанакиевски.
Александар Славковиќ од фирмата „Сивус“, која што го изработи софтверското решение за електронското распределување на становите, рече дека идејата на изработката на самото решение е да биде што е можно по транспарентно.„Решението врши внесување на сите апликации. Комисијата има за задача да ги внесе точно податоците во решението, додека самото компјутерско решение ги евалуира сите апликации што се внесени, се грижи за точноста на бодувањето на апликациите, и откако ќе се направи тоа се активира програмот, така да тој ќе направи распределба на становите. Додека се внесуваат апликациите во програмата, комисијата нема увид на бодовите, не знае за кој стан колку луѓе конкурираат, колку бодови имаат, додека не се активира самото решение. Откако ќе се активира самата програма ќе се заклучи и нема да има можност од никакво менување“, им објасни Славковиќ на апликантите.
Оние апликанти кои денеска не се видоа на ранг листата ќе можат да во среда и четврток да ја погледнат својата документација, а ќе имаат увид и во документацијата на оние кои ги добија становите.крај/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Мигранти за пари, Мицкоски ја распродава иднината на Македонија“, велат од СДСМ
„Со контра Резолуцијата ДПМНЕ-ЗНАМ признаа дека постои договор ‘мигранти за пари’. Во нивната контра Резолуција на ДПМНЕ воопшто нема одредба против носење мигранти од Британија за пари. Има игра на зборови, обид за поинакво дефинирање на мигрантите под превезот на ‘економски работници’ и ‘нелегални мигранти’“, велат од СДСМ.
„Ова е национално предавство за пари. Владата на Христијан Мицкоски ја става иднината на Македонија на пазар, на распродажба.
Државата е во тешка финансиска состојба, трезорот се затвора пред време, доцнат исплати на породилно, социјална помош, ДДВ, нема пари за плати и пензии. На власта и требаат пари ама не за граѓаните туку за да им врват наместените тендери.
Затоа договара мигранти за пари и скапи кредити кои утре ќе ги враќаат младите, идните македонски генерации.
СДСМ ќе се спротивстави и нема да го дозволи ова национално предаство, оваа распродажба.
Имаме решение. Нема да има мигранти, туку домаќинска политика, како во времето на СДСМ кога ги зголемивме платите и пензиите а државата одеше напред.
Наместо 161 тендер за една фирма, парите ќе се насочат кон за зголемување на платите и пензиите. Без криминал и корупција, без мигранти, парите назад кај граѓаните, со поголеми плати и пензии.
Одбраната на Македонија започна и нема да престане! Сите ќе одговарате!“, соопшти СДСМ.
Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија: Земјотресот е со епицентар на 42 километри северно од Скопје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 42 км северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.

