Контакт

Македонија

„Македонците јадат безбедна храна“

Објавено пред

Македонците јадат безбедна хранаМакфакс интервју со Божин Петревски,

dobivaj vesti na viber

Макфакс интервју со Божин Петревски, раководител на сектор за службен надзорМакфакс:Колкава е безбедноста на храната во Македонија?Петревски: „Безбедна храна е онаа храна која што не е контаминирана со физички, биолошки и хемиски контаминенти.Моменталната состојба во РМ врз основа на анализата и проценката на ризикот која е направена во Дирекцијата за храна и Инстутот за здравје задоволува. Оваа изјава ја даваме на основа на извршените лабораториски анализи и службени контроли од страна на државните инспектори на храна, бидејќи процентот на неисправна храна од   испитаните примероци  е  1,6 %  храна од увозно  а 4,6 % од домашно потекло.“Сакате да кажете дека Македонците во моментов генерално јадат безбедна храна?„Она што е резултат е засновано на научна основа и тие научни основи не ги земаме инпровизорно туку ги спроведуваме надлежностите дадени со закон за безбедна храна и прозиводите кои доаѓаат во контакт со храната. Се консултираме за проценка на ризикот и со врвни инсттуции на Европа како што е Агенцијата на храна на ЕУ и Агенцијата за храна на Франција, со комисијата во Брисел.“Дали се почитуваат стандардите за безбедноста на храната?„Ние ги користиме препораките и стандардите на ЕУ. Најбитниот дел на безбедноста на храната се генералните принципи на кодексот на хигиена на храна што значи започнувајќи од храна, локација, градба и дизајн на објектот и опремата во објектот до стручната  хигиената на овие објекти и транспортните служби кои ја транспортираат храната. Најбитниот дел на производителите на храна и сите бизнис оператори кои ракуваат со храна е примената на ХАСАП системот односно негова имплементација согласно со законот. Направивме три категории на објекти каде и во кои  форми треба да се имплементира ХАСАП системот. Ако бизнис операторите погрешно го сфатат ХАСАП системот, а не како сопствена самоконтрола во процесот на производство на храна, се е друго грешка. Тој за нив претставува алатка и техника за внатрешна конторола на производниот процес. Имплементирањето на ХАСАП системот не само што задоволува туку е и на поголемо ниво од бројката која што е поставена.Најголем и основен приоритет е здравствената безбедност на храната и заштита на здравјето на потровшувачите во Македонија. Но, ние од вид не го губиме и економскиот карактер односно трговија во бизнисот со храна. Не можеме да поништуваме храна за која првичните резултати кажуваат дека е небезбедна, мора и сме законски обврзани да им дадеме шанса тоа да го исправат, заради тој економски губиток. Постои научен доказ дека небезбедна  храна може да се доработи и повторно да се пласира на пазарот. Во случајот каде што не може должни се да ја поништат храната.“Што е со производите за кои сте свесни дека се  продааат на пазарите под неадекватни услови, особено сега на оваа топло време со што не се почитува ХАСАП системот?„Пазарите беа задолжени да имплементираат процедури кои се засновани на ХАСАП системот и доколку отидете на Скопски пазар ќе бидете воодушевени. Мора да сфатите дека  зелените пазарите во Македонија се правни субјекти кои се евидентирани во Дирекцијата за храна, значи, добиле одобрение за вршење на дејноста, но тие не продаваат свои прозиводи. Тие мораат да имаат процедура за внес на призводите, не можат оние правни субјекти кои ги издале тезгите на тие да внесуваат  како сакаат производи. Мора да постои ред во однос на хигиената на тезгите, санитарните блокови да се одржуваат на високо ниво. Сметам дека пазарите треба да се издаваат на индивидуални прозиводители кои малиот вишок на производство ќе го продаваат на пазарите.Кај нас се појавуваат правни субкети кои препродаваат прозиводи и они мораат да си обезбедат сертификат за тоа. Правиме заеднички акции со Ветеринарната инспекција која е задолжена за месо и млечни производи.“Пазарот во Шуто Оризари е пазар на кој има најголем број на евидентно продавање на храна под неадекватни услови.„Македонија треба да има милион испектори  кои ако ги ставиме секој на сите објекти би било идеално. Под наша конторла се 23.757 објекти, држава како Македонија зарем може да издржи потребни 1000 инспектори?!Доволно ќе биде свеста на бизнис операторите да се подига на високо ниво. Доволно е да затвориме две слични објекти и да поднесеме барање за поднесување на кривични пријави до одговорното лице  и верувајте еден по еден тие сами ќе се затвараат ако не ги исполнуваат условите.Не можеме да постигнеме се, ни поразвиените земји немаат толкав број на иснпектори. Признавам ,нивото на хигиенскиот пакет на мерки и стандарди  во објектите до пред неколку години беше на пониско ниво и не задоволуваше. Не можеме да постигнеме се но граѓаните мораат да бидат задоволни.Тоа што помпезно под разни ставки се затвара еден објект и два дена потоа објектот се отвара и повторно работи најнорамлно, кај граѓаните создава недоверба во веродостојноста на вашата работа.„Колективните мерки кои ги издаваме со решение во рок од 48 часа ќе бидат известени со решение. Во тој период објектот не смее да работи и не смее да биде отворен.Во овие 48 часа објектот не смее да работи но доколку сопственикот не е задоволен може да не тужи. Не гледам зошто објектот не би можел да биде отворен и после неколку дена или една седмица доколку ги исправи неправилностите. Во случај кога објектите се бесправно отворени и покрај нашата забрана, станува збор за кривично дело и поднесуваме пријава до надлежните судови. Не можеме да пломбираме објект во кој храната треба да се чува под одредени микроклиматкси услови, или мора да се зафатат одредени корективни мерки. Се случуваа и инспекторот на издаде документ и да згреши како и во сите развиени земји, па да го повлечеме документот (решението). Инспектори од други градови вршат инпекција во реони за кои не се надлежни за да се нивелира судирот на интереси помеѓу инспекторот и бизнис операторот.“Забележуваме дека голем акцент ставате на самосвесноста на граѓаните?„Нашите препораки се дека потрошувачите мора да си сносат и своја одговорност во делот кога купуваат од непознати продавачи и производители. Не може да се  купи храна од пазар или храна со поминат рок само затоа што е поевтина, во тој случај ризикот си го преземаат сами.Не можеме да стигнеме секогаш и секаде ама секогаш ќе бидеме таму кога нашите потрошувачи ќе ни посочат аномалии.“



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

До 15 февруари трае трката за „Млад инженер на годината“: повик до младите таленти до 35 години да се пријават

Објавено пред

Инженерската институција на Македонија информира дека повикот за пријавување на инженери за избор за наградата Млад инженер на годината трае до 15.02.2026 година (недела). На овој повик може да се пријават сите млади инженери до 35 години (вклучувајќи и 35 години) на следниот ЛИНК.

dobivaj vesti na viber

Како што потврдуваат од ИМИ, освен возраста, новиот Млад инженер ќе се избира согласно постигнатите инженерски резултати во 2025 година, лидерството и инспирацијата за младите; креативноста и иновативноста; споделувањето знаење, ангажирањето во заедницата и општествено и етичкото влијание на околината.

Свеченото прогласување на новиот млад инженер ќе се одржи на 31.03.2026 година во Холидеј ин. Повод за доделување на признанието е 21 март – Денот на македонските инженери. Целта на оваа иницијатива е да се промовираат младите инженери на национално и меѓународно ниво што ќе придонесе младите луѓе да се насочуваат кон инженерска професија.

Новиот Млад инженер ќе учествува на Европската конференција на млади инженери. Согласно правилата, од сите пријавени кандидати, во потесна селекција ќе бидат избрани 5 лица за кои гласа Комисија на ИМИ и од нив се избира победникот.

Минатата година со ова Признание се закити Филип Попоски од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Партнер на настанот е Друштвото за комуникациски менаџмент Чептер 4.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати

Објавено пред

Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.

dobivaj vesti na viber

По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.

Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.

„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.

Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ

Објавено пред

Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.

51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.

Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.

Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.

Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.

Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.

Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.

„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.

Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија1 час

„Дафина Стојановска итно да си поднесе оставка – пратеничката функција е сосема спротивно од ова што таа го демонстрира“, велат од Левица

​​​​​Левица бара итна оставка од пратеничката од редовите на ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од гостиварско, „која очигледно и веќе во неколку...

Македонија2 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија2 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион2 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија3 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија3 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет4 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет4 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа5 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет5 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет5 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа5 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион14 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија15 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет17 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија21 час

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија23 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија23 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија1 ден

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...