Македонија
Остра преписка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Остра писмена преписка разменија денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Мартин Протоѓер и секретарот на СДСМ Андреј Петров.
Остра писмена преписка разменија денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Мартин Протоѓер и секретарот на СДСМ Андреј Петров.
Најпрво во отвореното писмо што Протоѓер го испрати до лидерот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски, ги наведе негативните работи во времето на владеењето на Црвенковски.
„Мислевме дека тоа време е завршена приказна, лош филм кој заврши, кошмар од кој се разбудивме. Го гледам сега повторно Бранко Црвенковски како оди по шталите кои ги опустоши, кај војниците кои ги нарекуваше животинско царство, кај стечајците кои ги создаде“, се вели во писмото.
Протоѓер му порача на Црвенковски дека ќе биде поразен на изборите, без оглед кога и да се одржат и дека неговото време изминало.
По ова следеше жесток одговор од страна на Андреј Петров, секретар во СДСМ.
„Избирате како и секогаш една “жртва“ која во името на сите, кукавички со писмо полно со гадости ќе се обиде да го одбрани-неодбранливото. Тоа е секогаш оној тажен лик, кој никогаш во овие четири години не собра храброст да изјави нешто во камерите, но заради тоа што е здраво “зацапан“ во портокаловата изродба на фамилијата и заради младоста, очигледно е најлесен на потпис“ се вели во писмото.
Со контраобвинувања, Петров пишува дека граѓаните нема да го заборават ниту економскиот пустош што за време на своето владеење го направи ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи ги приватизациите на ОКТА и Телеком. /крај/со/фф/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот улицата Иван Аговски зграда бр.10 влез1, општина Карпош;
· Во периодот од 09:00 – 15:00 часот улицата Јабланица, улицата Саса, населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Сончево време со температура до 24 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени, информира УХРМ
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во четврток кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Македонија
ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата
Во рамки на седницата, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да предложи нови кадровски решенија на позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција.
Овој чекор на Таравари беше оценето дека претставува уште еден доказ дека групата на заштитници на криминалот и корупцијата добива нови редови. „Уште една маска падна, уште една илузија беше разоткриена“, пишува во соопштението.
„На политичката сцена се појави нов, добро координиран марионетски квартет: СДС, Алијанса, ДУИ и Левица – различни имиња, но ист газда. Различни маски, но ист сценарист. ДУИ со години инвестираше во создавање на лажни политички конкуренти кои всушност се негови продолжени раце. Така ги добивме СДС и Алијансата на Таравари – партии со речиси идентичен рејтинг, подготвени да бидат потрошени во функција на обидот за враќање на ДУИ на власт. И како што е случај со секоја потрошна роба, така и овие ќе бидат фрлени на политички отпад кога ќе ја завршат својата задача“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, жално е што токму ваквите политички привезоци најдобро се снаоѓаат во улога на сервилни помошници – без став, без визија, без достоинство.
„Но, да биде јасно: државата не оди во провалија. Од провалијата ја вадиме. А тоа што ги боли е фактот што веќе нема амнестии, нема рекети, нема наместени тендери. Боли што правдата конечно тропа на нивната врата. На крајот, нека викаат колку сакаат. СДС, ДУИ и нивните политички вазали веќе се осудени – од граѓаните на изборите. А вистинскиот суд – оној на правдата – допрва доаѓа“, се наведува во соопштението.