Македонија
На координација кај Вељаноски за надминување на инцидентот
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за утре свика координација со потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи, за преземање неопходни мерки за надминување на инцидентот од четвртокот
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за утре свика координација со потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи, за преземање неопходни мерки за надминување на инцидентот од четвртокот.
Тој се повикува на Законот за Собрание член 43 став 4, кој гласи „За одговорноста за нарушување на редот во Собранието од страна на пратениците и надворешни лица кои учествуваат во работата на Собранието одлучува и донесува мерки претседателот на Собранието по претходна консултација со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.“
Спикерот Вељаноски упати апел до сите пратеници и координатори на пратенички групи да се надминат како што рече себе си и да постапат разумно за интересите на Република Mакедонија.
„Се надевам дека од инцидентот нема да се прави политика и дека утре на координацијата ќе дојдат сите координатори“, рече Вељаноски.
До него се уште нема стигнато барање за формирање анкетна комисија, но доколку стигне тој рече дека ќе го стави точка на дневен ред на пленарна седница, затоа што, како што вели анкетна комисија формира Собранието како институција, а не претседателот.
Вељаноски уверува дека дента било постапувано законски, и според правилникот и упатствата за Собрание и дека не е нарушен нормалниот тек на работите.
Тој изјави дека жали за инцидентот во кој влегоа неколку пратеници од опозицијата и обезбедувањето на Собранието.
„Во четвртокот беше постапувано законски, и според правилникот и упатствата за Собрание не беше нарушен нормалниот тек на работите. Водејќи сметка за дневниот ред на седницата, ги удоволив сите барања на опозицијата, а и барањата на стечајците“, рече Вељаноски.
За целокупниот доказен материјал за инцидентот од МВР, кој што денеска беше доставен до Вељаноски, тој вели дека немал време да го види за да го коментира, но дека негова законска обврска е да го достави до пратениците и оти тоа ќе го стори во што поскоро време.
Вељаноски ги нарече глупост обвинувањата од опозицијата дека Собранието и МВР се контролирани од ВМРО-ДПМНЕ./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава
Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на 22,3 тони киви наменети за индустриска преработка и издаде решение со наредба за нештетно уништување.
Како што информираат од АХЦ, станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Република Србија, за која пратка, со органолептички преглед од страна на инспектор за храна, утврдено е дека истата не е безбедна за увоз и за понатамошна преработка.
-На увозникот издедено му е решение со наредба за нештетно уништување на спорните количини киви, по добиеното известување од негова страна дека пратката не може да се врати во земјата извозник, стои во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство.
Македонија
Променливо облачно со магла и малку сонце
Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла претпладне. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Во понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.
Македонија
Возете внимателно, маглата ја намали видливоста на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 100 до 200 метри има од Тетово – Скопје – Куманово – Кочани – Сарамзалино – Велес – Неготино – Д.Капија и магла со видливост до 50 метри има Битола – Прилеп – Ѓавато – Ресен – М.Брод – Кичево и Дебар, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

