Македонија
Коњановски и Милошоски кај Расмусен
Министерот за одбрана Зоран Коњановски и министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски ќе престојуваат во седиштето на НАТО Алијансата во Брисел на состанокот со Северноатланскиот совет (NAC)
Министерот за одбрана Зоран Коњановски и министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски ќе престојуваат во седиштето на НАТО Алијансата во Брисел на состанокот со Северноатланскиот совет (NAC), на кој ќе се дискутира за Извештајот за прогресот на Република Македонија во рамките на 11-от циклус на Акциониот План за членство во НАТО (MAP). При посетата во Брисел, министерот за одбрана Коњановски и министерот за надворешни работи Милошоски ќе остварат билатерална средба со Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, а во организација на холандскиот амбасадор во НАТО, Н.Е. Франк Мајор, ќе имаат заеднички ручек со амбасадорите на сите земји-членки на НАТО./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

