Македонија
Затворениците ќе месат леб
Пекара во која ќе се произведуваат леб и бели пецива за потребите на затворот Идризово, како и за околните затвори Скопје, Тетово, Куманово беше пуштена во употреба во затворот Идризово.
Пекара во која ќе се произведуваат леб и бели пецива за потребите на затворот Идризово, како и за околните затвори Скопје, Тетово, Куманово беше пуштена во употреба во затворот Идризово.
Затворениците ќе работат во три смени, а пекарата има капацитет да произведе 1.500 леба за осум часа. Со лепче и сол министерот за правда Михајло Маневски утрово го пушти објектот во употреба.
По неодамнешната посета на затворите, кога народниот правобранител Иџет Мемети заедно со евроамбасадорот Ерван Фуере констатираа катастрофална состојба во затворите и ги споредија со јужноафриканските затвори пред владеењето на Нелсон Мендела, тој ги поздрави ваквите проекти, но сепак констатира дека Македонија има слаб затворски систем.
„Ова е добар чин и треба да се продолжи со конкретни проекти, конкретни активности. Сметаме дека во иднина е добро овие проекти да се реализираат се со цел да се прошират просторните капацитети на затворските системи на Македонија, да се подобрат условите во сите затвори. Секако дека треба да имаме кадар кој ќе придонесе лицата кои издржуваат казна затвор од затворите да излегуваат ресоцијализирани и сето тоа поради тоа состојбите што сме ги детектирале. Јас сум убеден дека и сметам дека овие активности треба да продолжат со се позајакнати чекори се со цел да имаме конкретно завршени работи“ вели Мемети.
Хелсиншкиот комитет неодамна во својот извештај констатираше дека во затворите недоволно се почитуваат човековите права. Но за министерот ова се извештаи кои се прават од канцеларија.
„Хелсиншкиот комитет ги гледа работите од канцеларија. Меѓутоа треба да дојде да види затворот во Штип, во Прилеп, да дојде да види што работиме. Мислам дека од канцеларија можеме да даваме извештаи меѓутоа очигледно е дека со напорите на министерството за правда ние чекориме напред“ вели Маневски.
„Општеството може да се вреднува според условите во затворите. Тие треба да се подобруваат Лицата кои се осудени треба да можат да му се врата на општеството “ вели Патрик Паке, претставник од делегацијата на Европската комисија во Македонија.
Овој проект за реконструкција, одржување на објекти и опремување на казнено-поправните установи е финансиран од Европската агенција за реконструкција. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

